Започна реконструкцијата на градскиот стадион во Кавадарци

Фото: Фејсбук профил на градоначалникот Митко Јанчев

 

Реконструкција на стадионот Тиквеш

[Извор: Нетпрес (Ветени проекти  Митко Јанчев за локалните избори 2017  во Кавадарци, датум: октомври 2017]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ветувањето на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев за реконструкција на градскиот стадион, дадено во кампањата за локалните избори (октомври 2017 година),  е во тек на реализација.  Обновата на стадионот „Тиквеш“,  Јанчев ја вети  на прес-конференција во Кавадарци (01.10.2017) претставувајќи ги проектите од својата изборна програма, со која како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја бараше довербата за градоначалничката функција во Општината.

Почетокот на реконструкцијата на стадионот беше најавена на крајот на декември минатата година (2019), а стартуваше пред десетина дена (15.01.2020). Информација и фотографии за стартот на работите објави градоначалникот Јанчев на неговиот официјален профил на Фејсбук.

Започна реконструкцијата на градскиот стадион во Кавадарци. Според проектот најпрвин ќе биде целосно отстранета сегашната трева, а подлогата под неа ќе се подготви за поставување на нови бусени трева. Теренот ќе биде соодветно и дрениран со ефикасен систем за одводнување. Градскиот фудбалски стадион освен промената на сегашната подлога со нова трева, ќе добие и современо осветлување за одигрување на ноќни натпревари, напиша Јанчев на ФБ

Веста за почетокот на реконструкцијата на фудбалскиот терен,  ја пренесоа и  дел од медиумите. Инаку, според објавата на веб-страницата на Општина Кавадарци, сегашната трева на теренот била  поставена летото 1968 година пред стартот на првенството во Втората сојузна фудбалска лига – група исток, каде  ФК„Тиквеш“ за првпат се натпреварувал во сезоната 1968/1969 година.

ИЗВОРИ:

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.