Заштита на приватноста при употребата на мобилната апликација StopKoronа

Политиката за приватност на мобилната апликација StopKoronа! во согласност со принципот на транспарентност при обработка на личните податоци

 

Најавената мобилна апликација чија цел е давање на брз одговор на здравствените органи со кои лица бил заразениот во близина во изминатите 14 дена е изработена и достапна за граѓаните на Република Северна Македонија. StopKorona! е наменета за откривање близок контакт со потенцијално заразени лица преку постапка за детекција на блискост на мобилни уреди/апликации преку Bluetooth технологија, а нејзиното користење се заснова на согласност на субјектот на личните податоци, односно, на доброволно преземање од страна на граѓаните.

Пред самото преземање на мобилната апликација, препорачливо е граѓаните да ја прочитаат Политиката за приватност и да се запознаат со тоа на кој начин нивните лични податоци ќе бидат заштитени, кои се нивните права како субјекти на личните податоци, но и кои се обврските на оној кој ги обработува личните податоци собрани со користењето на мобилната апликација.

Анализирајќи ја Политиката за приватност, која е достапна на stop.koronavirus.gov.mk, она што може да се забележи е дека таа ги содржи најголем дел од информациите кои се потребни за информирање на граѓаните, а со тоа и почитување на принципот на транспарентност при обработката на личните податоци.

Препораката за подобрување на Политиката за приватност е во насока на обезбедување на дополнителни информации кои се однесуваат на:

  • Контакт информации од Министерството за здравство и/или Офицерот за заштита на личните податоци каде што секој граѓанин ќе може да се обрати за остварување на правото на пристап, исправка или бришење на личните податоци
  • Дали и во кои случаи Министерството за здравство ќе ги сподели податоците собрани преку мобилната апликација со други институции кои се вклучени во процесот на справување со COVID-19
  • Информација за тоа дали Министерството за здравство има намера во некој момент да пренесе лични податоци во трета земја или меѓународна организација

Согласно Законот за заштита на личните податоци, а следејќи го принципот на транспарентност при обработката на лични податоци, кога личните податоци се собираат од граѓаните, контролорот, во овој случај тоа е Министерството за здравство, во моментот на собирањето на личните податоци, ги обезбедува следните информации: идентитетот и контакт податоците на контролорот, контакт податоци за офицерот за заштита на личните податоци, целите на обработката за коишто личните податоци се наменети, легитимните интереси што ги спроведува контролорот или трето лице, корисниците или категориите на корисници на личните податоци, доколку ги има, информација за тоа дали контролорот има намера да пренесе лични податоци во трета земја или меѓународна организација, временскиот период за кој ќе се чуваат личните податоципостоењето на право да се бара од страна на контролорот пристап, исправка или бришење на личните податоци, постоењето на правото за повлекување на согласноста во секое времеправото на поднесување барање до Агенцијата за заштита на личните податоциинформации за тоа дали контролорот има намера и понатаму да обработува лични податоци за цел различна од онаа за која се собрани личните податоци.

Дополнително, Политиката за приватност може да ги содржи и информациите и контактите од институциите надлежни за спроведување на законите од областа на заштитата на личните податоци.

***

 

Фондацијата Метаморфозис, преку програмата – Човекови права на интернет ги застапува човековите права на интернет, помагајќи заедниците да се соочат со огромните промени кои произлегуваат од сѐ поголемото влијание на новите технологии. Метаморфозис се фокусира на заштитата на приватноста преку зајакнување на капацитетите на граѓаните, институциите и бизнис секторот функционирањето на дигиталното општество.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција