Завршена е реконструкцијата на булеварот „АСНОМ“ до мостот „Близнак“
На почетокот на мандатот градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов во рамки на проектот за сообраќајно поврзување на општините Аеродром, Гази Баба и Центар , во неговата прва фаза најави:
Реконструкција на булеварот „АСНОМ“
[ИЗВОР: Нетпрес, датум:23.03.2018]
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Реконструкцијата на булеварот „АСНОМ“ на потегот од крстосницата со булеварот „Васко Карангелески“ до крстосницата со булеварот „Србија“ кај мостот „Близнак“, е исполнето ветување на скопскиот градоначалник, Петре Шилегов.
Проширувањето на оваа делница Шилегов го најави на прес-конференција неколку месеци по доаѓањето на функцијата, како прва фаза од проектот за новиот сообраќаен коридор преку реката Вардар којшто ќе ги поврзува Аеродром, Гази Баба и Центар.
Реконструкцијата на оваа сообраќајница, чијшто изведба започна минатата пролет, заврши неодамна. На споменатиот потег е направено проширување на булеварот „АСНОМ“ со по 3 коловозни ленти, пешачки и велосипедски патеки во двете насоки и средишно зеленило.
Ова, фактички, е првата од трите фази за изградба на овој булевар, кој во наредниот период преку новиот мост на реката Вардар – којшто е веќе во изградба, треба да се поврзе со булеварот Гоце Делчев во Општина Гази Баба (кај Ќерамидница), со што Аеродром ќе добие и нова сообраќајна релација кон Центар.
Информација и фотографии за проширениот билевар се објавени на официјалната веб-страница на Град Скопје и во повеќе меедиуми.
ИЗВОРИ:
- Макфакс (24.09.2019): Почна изградбата на булеварот АСНОМ [Проверено на: 22.05.2020]
- Грид.мк (24.05.2019): Почна изградбата на булеварот АСНОМ [Проверено на: 22.05.2020]
- Нетпрес ( 23.03.2018): Шилегов ќе гради нов мост на Вардар[Проверено на: 22.05.2020]
- Тајм.мк (23.03.2018): СДСМ:Мостот во Ќерамидница ќе овозможи побрз и побезбеден сообраќај [Проверено на: 22.05.2020]
- Веб-страница на Градд Скопје (17.05.2020): Заврши првата фаза од реконструкцијата на булевар АСНОМПроверено на: 22.05.2020]
- Тајм.мк (17.05.2020): Заврши првата фаза од реконструкцијата на булеварот АСНОМ [Проверено на: 22.05.2020]
- Скопје1 (17.05.2020): Заврши првата фаза од реконструкцијата на булеварот АСНОМ [Проверено на: 22.05.2020]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар