Најголемиот дел од буџетарите ги објавија завршните сметки на интернет
Ветување: Завршните сметки на сите буџетски корисници и јавни претпријатија ќе мораат да бидат објавени на интернет.
[Извор: Изборна програма на СДСМ за предвремените парламентарни избори во 2016 година „План за живот во Македонија“ страна 23. датум: декември 2016]
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Ветувањето на СДСМ дадено за време на предвремените парламентарни избори во 2016 година (Изборна програма на СДСМ: „План за живот во Македонија“ – во делот „ТРАНСПАРЕНТНОСТ ВО ТРОШЕЊЕТО“, стр. 23), дека буџетските корисници и јавните претпријатија ќе мораат да ги објават завршните сметки на интернет, е исполнето.
Имено, во Програмата за работа на Владата за периодот 2017- 2020 година на страна 21 во одделот „Одговорна власт и контрола наа власта“ е содржана обврската за донесување законски измени со кои ќе се воведе оваа обврска за буџетските корисници и јавните претпријатија.
Измени на Законот за сметководство за буџетите и буџетските корисници Владата предложи во јули 2017 година. Со нив се предлага буџетските корисници и јавните претпријатија своите завршни сметки да ги објавуваат на интернет страниците во рок од 15 дена од доставувањето на истите до Регистарот на годишните сметки при Централниот регистар на Република Македонија.
Собранието ги донесе измените на Законот за сметковотство за буџетите и буџетските корисници во ноември 2017 година, по што во законски рок тие на 27 ноември се објавени во Службениот весник на РМ бр.170/2017година. Новините во Законот влегоа во сила на 5 декември 2017 година.
Од увидот напревен на интернет – страниците на институциите и јавните претпријатија, може да се констатира дека министерствата и повеќето јавни претпријатија, како и институции и јавни установи во текот на првите месеци од годинава ги објавија завршните сметки за 2016 година, а дел од нив во текот на април 2018 година ги објавија завршните сметки за 2017 година. Но, има и претпријатија, институции и јавни установи чии завршните сметки за 2017 година не се објавени, иако законскиот рок е 15 дена од доставувањето до Регистарот на годишните сметки, а тоа е 31 март. Или, пак, можеби ги објавиле, меѓутоа не се јасно видливи на нивните интернет – страници.
Имајќи предвид дека законски претпроставки за објавување на завршните сметки на итернет страниците ги исполниле најголемиот дел од институциите , јавните установи и јавни претпријатија, може да се каже дека ова ветување на СДСМ е исполнето.
ИЗВОРИ:
- „План за живот во Македонија“ страна 23 – Оддел ТРАНСПАРЕНТНОСТ ВО ТРОШЕЊЕТО [Пристапено 20.04.2018г.]
- „Програма на работа на Владата 2017-2020“, дел „Одговорна власт и контрола наа власта“ страна 21 [Пристапено 20.04.2018г.]
- Скопјеинфо 5 јули 2017 – „ Измени на закон: Буџетските корисници ќе ги објавуваат завршните сметки на својата веб страна“ [Пристапено 20.04.2018г.]
- Либертас 04.12.2017 – „Буџетските корисници задолжително ќе ги објавуваат своите финансиски извештаи на веб“ [Пристапено 20.04.2018г.]
- Во Службениот весник на РМ бр.170/2017година [Пристапено 20.04.2018г.]
- Министерството за финансии во посебен оддел „завршни сметки“ [Пристапено 20.04.2018г.]
- Министерство за економија во одделот „ информации од јавен карактер“ [Пристапено 20.04.2018г.]
- Министерство за транспорт и врски во одделот за 2017 завршна сметка има [Пристапено 20.04.2018г.]
- МВР – оддел Финансии – Завршна сметка 2017 г [Пристапено 20.04.2018г.]
- Министерство за одбрана, оддел Документи – Буџет на Министерство за одбрана [Пристапено 20.04.2018г.]
- Министерство за труд и социјална политика –оддел документи – Финансиски извештаи [Пристапено 20.04.2018г.]
- МНР– оддел „Документи“ [Пристапено 20.04.2018г.]
- Министерство за земјодлество во одделот за јавно достапни информации [Пристапено 20.04.2018г.]
- Министерство за здравство – оддел Листа на информации од јавен карактер [Пристапено 20.04.2018г.]
- МИОА оддел листа на информации од јавен карактер [Пристапено 20.04.2018г.]
- ЈП „Македонски шуми“ [Пристапено 20.04.2018г.]
- ЈП „Македонија пат“ [Пристапено 20.04.2018г.]
Оцени: Рада Исовска – Маневска
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар