Зеленчукови и овошни градини во детските градинки

Децата заедно со згрижувачко-воспитниот тим од градинките одгледуваат зелечук Фото: Принтскрин (Општина Кисела Вода)

Со цел децата од најрана возраст да се запознаат со здрави животни навики и здрав начин на исхрана, да се запознаат со различните видови зеленчук и овошје, ќе се реализира проект каде децата заедно со згрижувачко-воспитниот тим во детските градинки ќе бидат вклучени во одгледување на некои видови зеленчук и овошје. (Рок 2015 година, Буџет: 2.000.000 денари)

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Проектот: „ГРАДИНИ ВО ДЕТСКИ ГРАДИНКИ“, е исполнето ветување на ВМРО-ДПМНЕ предвиден во  Изборната програма (2014-2018), „Проверено“ на стр.215 во делот „Заштита на децата“.

Во медиумите, како и на веб-страниците на општините постојано има записи за зеленчукови градини во детските градинки.

На 25.09.2015 година медиумите пишуваа дека во текот на септември во сите објекти на градинката „Срничка” се направени нови, урбани градини, прилагодени на потребите на малите деца.

Децата континуирано ќе садат сезонски растителни култури и ќе ги облагородуваат дворовите по еко-стандарди, со што ќе придонесуваат за чиста и здрава околина.

Неодамна, во објектот „Изворче“ децата насадија лук, жалфија и босилек со помош на градинарските алатки донирани од УНИЦЕФ, соопшти општина Аеродром.

На веб-страницата на Министерството за труд и социјална политика, во чија надлежност се градинките објавена е вест дека министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Биљана Беличанец  – Алексиќ, ја посетија детската градинка „8 Март“ во општина Кисела Вода, каде децата заедно со своите воспитувачки и негувателки имаат засадено разни видови зеленчук во својата градина „Тиквичка“, како дел од активностите за подигнување на свеста за здравата исхрана.

Преку програмата за едукација на децата во процесот на предучилишно воспитување сакаме да ги едуцираме за значењето и влијанието на здравиот начин на исхрана, за значењето на овошјето и зеленчукот. Притоа преку еден координиран пристап во детските градинки започнавме со процес на создавање градини во градинки преку кои децата можат да се едуцираат за начинот на кој се садат зеленчукот и овошјето, но и за хранливите состојки и да стекнат здрави навики со што во иднина ќе се влијае на создавањето здрави навики за живот на секое дете, рече министерот Спасов.

На 16 октомври, 2015 година по повод Светскиот ден на здравата храна, децата од клонот „Пепелашка“ на градинката „Раде Јовчевски Корчагин“, имаа практична едукација. Имено, учителките од градинката им покажуваа на децата како и колку треба да се јаде здрава храна.

Како што пишува во текстот на новинската агенција „Мета“:

Министерството за труд и социјална политика, под чија надлежност се градинките, последните години практикува проект за здрава храна во градинките.

Преку програмата за едукација на децата во процесот на предучилишно воспитување, тие дознаваат за здравиот начин на исхрана, за значењето на овошјето и на зеленчукот. Притоа преку координиран пристап во детските градинки, почнат е процес на создавање градини преку кои децата можат да се едуцираат за начинот на кој се садат зеленчукот и овошјето, но и за хранливите состојки, и да стекнат здрави навики со што во иднина ќе се влијае на создавањето здрави навики за живот на секое дете.

Светскиот ден на здравата храна го одбележаа и децата од градинките во општина Кисела Вода заедно со своите воспитувачки и родители како дел од Програмата за едукација на децата од предучилишна возраст со процесот на одгледување и консумирање здрава храна, поддржана од МТСП.

Децата од ЈДГ “8 Март” и ЈДГ “Весели цветови” кои во текот на целата година ја одржуваа градината во дворот на нивните градинки, се запознаа со промените кои се случуваа на зеленчукот во текот на годината, засадуваа нови садници, а од набраните зеленчукови плодови правеа вкусни салати.

Имајќи го предвид сето ова, оценуваме дека ветувањето децата заедно со згрижувачко-воспитниот тим во детските градинки да бидат вклучени во одгледување на некои видови зеленчук и овошје, е исполнето.

ЛИНКОВИ:

 

Оценето од: Владе Ѓорчев

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија (BTD – The Balkan Trust for Democracy), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, NED или BTD.

Оставете реакција