Зеленски не е нацист и не е проект на британската тајна служба за уништување на Русија

Нема никакви докази кои укажуваат дека Адолф Хитлер и Володимир Зеленски се „создадени“ од британските служби (МИ6) или некаква институција како Тависток со цел уништување на православна Русија, како што тоа се тврди во објавата која ја анализираме. Оваа теорија спаѓа во доменот на конспиративните идеи, кои често се шират во политички или идеолошки контексти, но не се засновани на проверени факти

Нема никакви докази кои укажуваат дека Адолф Хитлер и Володимир Зеленски се „создадени“ од британските служби (МИ6) или некаква институција како Тависток со цел уништување на православна Русија, како што тоа се тврди во објавата која ја анализираме. Оваа теорија спаѓа во доменот на конспиративните идеи, кои често се шират во политички или идеолошки контексти, но не се засновани на проверени факти

 

Анализираме објава на Фејсбук која се вели:

И двајцата направени во “Британската кујна” (МИ6+Тависток),се со цел уништување на Православна Русија. Кој знае знае.

Објавата истовремено споделува фотографии од поранешниот нацистички лидер на Германија Адолф Хитлер и украинскиот претседател Володимир Зеленски повлекувајќи паралела помеѓу нив и алудирајќи на тоа дека и Зеленски е нацист.

МИ6 или Таен разузузнавачки сервис, е служба за надворешно разузнавање на Обединетото Кралство, главно задолжена за јавно и тајно собирање и анализа на секакви информации од интерес и полза на Обединетото Кралство.

Институтот за човечки односи Тависток е фокусиран на проучување на човековото однесување во рамките на организациите, со цел да овозможи учење и промени што ќе им користат на луѓето и на планетата. Тависток е непрофитна организација од Велика Британија со добротворен статус, основана во 1947 година, со сестрински организации во Германија и Кина и глобална програма за работа.

Нема никакви докази кои укажуваат дека Адолф Хитлер и Володимир Зеленски се „создадени“ од британските служби (МИ6) или некаква институција како Тависток со цел уништување на православна Русија, како што тоа се тврди во објавата која ја анализираме. Оваа теорија спаѓа во доменот на конспиративните идеи, кои често се шират во политички или идеолошки контексти, но не се засновани на проверени факти.

Адолф Хитлер бил нацистички лидер на Германија пред и зa време на Втората светска војна, а неговата идеологија се засновала на национализам, антисемитизам и експанзионизам. Toј починал во 1945 година и нема историски докази дека бил проект на британската разузнавачка служба или на британскиот институт Тависток, којшто, да повториме, е формиран две години по смртта на Хитлер – во 1947 г..

Зеленски пред да стане претседател на Украина, беше актер и комичар. Тој победи на изборите во 2019 година со силна поддршка од украинската јавност, ветувајќи борба против корупцијата и реформи. Нема докази дека е „проект“ на странски служби, а уште помалку на британски, како што тоа се тврди во објавата.

Британската надворешна разузнавачка служба иако има историја на вклученост во разни меѓународни операции, теоријата дека „создава“ политички лидери низ светот како долгорочни проекти за „уништување на Русија“ не е поддржана од никакви веродостојни извори.

Објавата се обидува украинскиот претседател Володимир Зеленски да го поистовети со Хитлер. Ваквата споредба е незамислива, бидејќи Зеленски не може да се спореди со Хитлер по ниеден основ.

Теоретичарите на заговор и руските пропагандисти постојано се обидуваат да го претстават претседателот на Украина како неонацист или нацистички симпатизер, иако Зеленски е Евреин и тројца негови вујковци загинале во Холокаустот.

Коментирајќи ги овие обвинувања, Зеленски во една прилика изјави дека Москва со тоа „го следи истиот концепт на Гебелс и тие ја користат истата методологија“ во обидот да ја оправдаат војната против Украина.

„Вистиномер“ има пишувано на оваа тема, кога Зеленски манипулативно и неосновано беше споредуван со Хитлер, а се ширеше и фотографија на која тој наводно држи дрес на којшто има свастика. Проверувачите на факти на АФП покажаа дека фотографијата којашто е споделена е дигитално изменета и покажува дека Зеленски е фотомонтиран.

Да се каже дека Зеленски е проект на британската тајна служба за уништување на Русија е доста несериозно, имајќи предвид дека Зеленски не ја нападна Русија, туку Путин е тој којшто даде команда за да се изврши воена агресија врз Украина.

На 24 февруари 2022 година, руските трупи во раните мугри започнаа напад врз Украина нареден од претседателот Путин, кој најави „специјална воена операција“ и покрај предупредувањата од светските државници дека потегот може да доведе до најголемата војна во Европа по 1945 година.

На нападот му претходеше одлуката на рускиот претседател Путин од 21 февруари 2022 година, за признавање на независноста на таканаречените народни републики во Доњецк и Луганск, кои од 2014-тата година се под контрола на проруските сепаратисти. Ваквата одлука на Путин му овозможи директно да испрати руски воени единици во Источна Украина, каде веќе беа во тек повремени судири меѓу украинските сили и проруските сепаратисти.

Од почетокот на војната, Кремљ за да ја оправда својата воена агресија, сака да ги изврти тезите, тврдејќи дека води некаква специјална воена операција, меѓу другото, за денацификација на Украина. Притоа, руската пропаганда не престанува да го споредува Зеленски со Хитлер и да го нарекува нацист.

Имајќи го предвид сето погоре, можеме да заклучиме дека објавата која ја анализираме  е невистина.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција