Зеленски не побегнал од Украина и не се обидува да се сокрие

Фото: Принтскрин видео -president.gov.ua

Зеленски во изминатиот период посети неколку европски земји, по што присуствуваше и на самитот на Г7 во Јапонија. За време на својата турнеја, тој се обиде да обезбеди поголема политичка и воена поддршка за одбраната на својата земја од Русија. Но, Зеленски по турнејата се врати во Украина. Тој, како што може да се види на официјалната веб-страница на претседателот на Украина, веднаш ги посетил војниците во регионот на Донецк, а дополнителен доказ е и неговото видеообраќање

Зеленски во изминатиот период посети неколку европски земји, по што присуствуваше и на самитот на Г7 во Јапонија. За време на својата турнеја, тој се обиде да обезбеди поголема политичка и воена поддршка за одбраната на својата земја од Русија. Но, Зеленски по турнејата се врати во Украина. Тој, како што може да се види на официјалната веб-страница на претседателот на Украина, веднаш ги посетил војниците во регионот на Донецк, а дополнителен доказ е и неговото видеообраќање

 

 

Пост на Фејсбук шири манипулативно тврдење дека претседателот на Украина, Володимир Зеленски се обидувал да ја напушти Украина.

Патувачкиот циркус се плаши за својот живот?!! Замислете ова мало човече не знае каде да се скрие! Можеби може кај нашата црпка брат му по памет!!!…, стои во објавата која ја анализираме.

Постот споделува и текст со бомбастичен наслов „Ударно: По заканите од Москва, Зеленски нема да се врати во Украина“.

Текстот, наведувајќи ги низата патувања на Зеленски, поставува теза дека тој се плашел да се врати во Украина откако „украинските беспилотни летала се обидоа да го нападнат Кремљ“.

Мај стана месец на активно патување за претседателот на Украина. На 3 мај, Владимир Зеленски тргна на турнеја низ Европа, почнувајќи со ненадејно патување во Финска и продолжувајќи со посети на други европски земји како Холандија, Германија, Франција и Британија. Во одреден момент, бркотницата на украинскиот лидер низ Европа почна да покренува прашања: Дали Зеленски се плаши да се врати во Киев откако украинските беспилотни летала се обидоа да го нападнат Кремљ?…, стои во текстот споделен во објавата што ја анализираме.

Точно е дека Зеленски во изминатиот период посети неколку европски земји, по што присуствуваше и на самитот на Г7 во Јапонија. За време на својата турнеја, Зеленски се обиде да обезбеди поголема политичка и воена поддршка за одбраната на својата земја од Русија.

Но, Зеленски по турнејата се врати во Украина. Тој, како што може да се види на официјалната веб-страница на претседателот на Украина, веднаш ги посетил војниците во регионот на Донецк. Дополнителен доказ е неговото видеообраќање и обраќањето во писмен формат, во кое вели:

Денес бев во регионот Донецк, на нашите фронтови кај Вуледар и Маријинка. Имав чест да им честитам на нашите маринци за нивниот професионален празник, Денот на украинските маринци.

На официјалната веб-страница на претседателот на Украина се наведува дека текстот е објавен на 23 мај во 22:24 часот. Видеото е објавено на истиот датум и судејќи според средината во кое е снимено (како и претходните видеа), се чини дека станува збор за претседателската палата во Киев.

Од ова можеме да заклучиме дека Зеленски е во Украина и не избегал од својата земја. Поради тоа, постот што го анализираме го оценуваме како невистинит.

 



 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција