Земјоделците добија поголеми субвенции за тутунот

Фото: vlada.mk

 

Во декември 2016 година , една недела пред одржувањето на предвремените парламентарни избори, претседателот на СДСМ Зоран Заев при посетата на Могила вети поголеми субвенции за тутунот:

Во делот на производството на тутунот којшто исто така е застапен еден дел од овој крај, ветуваме субвенции зголемени од 80 денари за првата класа, 70 денари за втората класа, и 60 денари за третата класа, четврата класа ќе ја укинеме…

[ИЗВОР: Веб-страница на СДСМ(стр.6,  датум: 05.12.2016 ]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Во предизборието за предвремените парламентарни избори (декември 2016 г.) СДСМ им вети на земјоделците деке ќе се зголемат субвенциите за тутунот. Ова изборно ветување на социјалдемократите  е исполнето.

Поголеми субвенции за тутунарите во износ од 80 денари за првата класа, 70 денари за втората класа и 60 денари за третата класа, како и укинување на четврата класа,  ветуваше лидерот на СДСМ, Зоран Заев и носител на кандидатската листа на СДСМ  во ИЕ 4, во неговите настапи  за време на изборната кампања. Истото ветување е дел и од  изборната програма на СДСМ: „План за живот во Македонија“ , каде што го има на повеќе места. Најнапред  на самиот почетот во делот „ Државна помош за земјоделците “ (стр.6), потоа на стр.94  во поглавјето „Грижа за земјоделството“,  а  истото е наведено и во  „Планот 180 – итни реформски приоритети на новата влада во првите 6 месеци“,  во делот „ Земјоделие“( стр. 222).  Како што е посочено во изборната програма целта е да се  постигне договор за откуп на тутунот во  три класи и тоа според процентуалната застапеност на бербите (долна, средна и горна) и според квалитетот:

Со цел стимулирање на квалитетот, подршката за I класа ќе изнесува 80 ден./кг, за II класа 70 ден./кг и за III класа 60 ден./кг. 

Во февруари  оваа година (2018) министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски во Прилеп на трибина со тутунопроизводителите и откупувачите, соопшти дека  новиот закон за тутун е во завршна фаза и најави дека со владина одлука ќе им се исплатат повисоки субвенции на тутунарите:

Реколтата е многу квалитетна и затоа просечната цена од 217,5 денари е највисока. Со владината уредба ќе се исплатат и повисоки субвенции, односно 80 денари за прва, 70 за втора, 60 денари за трета класа… (Николовски)

На 17 мај  (2018) министерот Николовски при посетата на Могила, соопшти дека преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој и Министерството за финансии, на сметките на тутунарите се исплатени 22 милиони евра субвенции за реколтата од 2017 година, додавајќи дека тоа е над 80 проценти од вкупниот износ што ќе биде исплатен за тутунарите.  Тогаш Николовски кажа и дека „оваа година тутунарите добија зголемени субвенции на три нивоа и тоа првото ниво за првата класа тутун од 80 денари по килограм, за второто ниво – втора класа по 70 денари за килограм и третото ниво за трета, четврта и дополнителни класи од 60 денари“

Имајќи ги предвид презентираните информации објавени  во медиумите, како и на официјалната веб-страница на Владата,  ова изборно ветување на СДСМ го сметаме за исполнето.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Оливера Војновска

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција