Земјотресите во Турција и Сирија не се предизвикани со „оружје за земјотреси“

Фото: Принтскрин видео

Ова е уште едно од  серијата невистинити тврдења чија цел е неосновано да инсинуираат дека човечкиот фактор и политичкиот Запад, „го предизвикале земјотресот“. Огромната провалија снимена со дрон не прикажува никакво уништување со оружје за земјотреси, туку испукани делови во раседот близу епицентарот на неодамнешните земјотреси во Турција и Сирија. Турција се наоѓа на жариште за земјотреси. Поголемиот дел од земјата се наоѓа на анадолската плоча, сместена меѓу две големи платформи, евроазиската и африканската, и трета помала плоча, арапската. Што предизвикува  низ неа да поминуваат повеќе раседи

Ова е уште едно од  серијата невистинити тврдења чија цел е неосновано да инсинуираат дека човечкиот фактор и политичкиот Запад, „го предизвикале земјотресот“. Огромната провалија снимена со дрон не прикажува никакво уништување со оружје за земјотреси, туку испукани делови во раседот близу епицентарот на неодамнешните земјотреси во Турција и Сирија. Турција се наоѓа на жариште за земјотреси. Поголемиот дел од земјата се наоѓа на анадолската плоча, сместена меѓу две големи платформи, евроазиската и африканската, и трета помала плоча, арапската. Што предизвикува  низ неа да поминуваат повеќе раседи

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели:

Разорната моќ на оружјето за земјотреси.

Во склоп на постот, споделен е видеоматеријал од дрон, на кој се прикажани последиците од разорниот земјотрес во Турција.

Но, невистинито е дека истиот е предизвикан со „оружје за земјотреси“. Овој пост е само продолжение на серијата невистинити тврдења коишто се проширија, а чија цел е неосновано да инсинуираат дека човечки фактор и политичкиот Запад, „го предизвикале земјотресот“ поради анимозитет кон Турција

Видеото го пронајдовме во повеќе странски медиуми. Но, во странските текстови не се споменува никакво „оружје за земјотреси“, како опишува во постот што го рецензираме. Снимката прикажана во постот е направена од американската компанија Максар Технолоџис и го прикажува испукувањето на раседот  близу епицентарот на неодамнешните земјотреси во Турција и Сирија. На видеото се гледаат испукани делови во раседот кој поминува низ фарми, станбени области и низ пат.

Огромната провалија снимена со дрон не прикажува никакво уништување со оружје за земјотреси. На видеото се гледа дека се формирала бездна. Обединетите нации предупредија дека милиони преживеани останаа без покрив над главата, а нивните проценки покажуваат дека 5.3 милиони Сиријци немаат дом како резултат на земјотресот.

Шефот за помош на ОН, Мартин Грифитс на 11 февруари рече дека оваа катастрофа е најлошиот настан во последните сто години во овој регион и го опиша одговорот на Турција на катастрофата како „извонреден“.

Истото видео од постот што го рецензираме го објави и Алџезеира како и Скај Њуз.

Ова видео од дрон покажува маслинки во Турција, полиња кои се распарчени од последователните потреси кои ја напукнаа основата и создадоа пукнатина широка 200 метри. Новосоздадениот кањон е длабок 30 метри и се протега на 35 хектари земја, напиша Алџезеира.

Како што Вистиномер веќе пишуваше, Турција се наоѓа на жариште за земјотреси. Поголемиот дел од Турција се наоѓа на анадолската плоча, сместена меѓу две големи платформи, евроазиската и африканската, и трета помала плоча, арапската. Ова предизвикува повеќе раседи да поминат низ земјата, со што се можни големи потреси.

Три тектонски плочи, арапската, анадолската и африканската плоча се среќаваат во овој регион и како што се лизгаат и се притискаат една со друга, создаваат триење и стрес што се ослободува како земјотреси, објаснува Јареб Алтавел, сеизмолог во Националниот Информативен центар за земјотреси во Колорадо.

Атлантскиот совет предупредува дека има сè поголем број на објави на социјалните мрежи кои споделуваат теории на заговор за можниот „вештачки“ карактер на катастрофата, и дека тоа наводно се случува со цел да ја ослабат Турција по зголемените тензии со нејзините западни сојузници.

Овие малигни напори да се влијае на перцепцијата на јавноста за трагедијата треба да се сфатат сериозно, се вели во анализата на Атлантскиот совет.

Вистиномер дебанкираше и дезинформација дека одговорен за земјотресите е системот ХААРП.

Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека не е вистина дека земјотресот во Турција и Сирија бил предизвикан од „оружје за земјотреси“, туку станува збор за природна катастрофа во трусно подрачје.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција