Жак Атали не напишал книга во која се заговара „намалување на популацијата“

Фото:Mymychoko, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Атали е поранешен советник на францускиот претседател Франсоа Митеран и има напишано повеќе книги. Но, ниедна од нив не се вика „Иднината на животот“. Книгата „Иднината на животот“ објавена во 1981 година и подоцна преведена на англиски јазик е напишана од Мишел Саломон и во неа е објавено интервју со Атали во кое тој одговара на прашањето „дали е можно и посакувано да се живее 120 години?“

Атали е поранешен советник на францускиот претседател Франсоа Митеран и има напишано повеќе книги. Но, ниедна од нив не се вика „Иднината на животот“. Книгата „Иднината на животот“ објавена во 1981 година и подоцна преведена на англиски јазик е напишана од Мишел Саломон и во неа е објавено интервју со Атали во кое тој одговара на прашањето „дали е можно и посакувано да се живее 120 години?“

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Добра нојч сладок сон. 
Се јавно #кажуваат но сето Ова не го гледате зошто #духовните очи ви #се затворени 
“Тие сами ке одат во кланица …”
 Жак Атали, угледен масонски идеолог,1981, тогашен советник на #претседателот Франсоа Митеран, го напишал ова: 
 „Во иднина ке бидит #прашање како да најдиме начин да се намали #популацијата. Ке почниме од #старите луѓе, затоа што штом поминат 60-65г. лугето живеаат #подолго, не произведуват ништо а тоа #скако го чинит системот. 
Потоа оние слабите, #безкорисни кои ништо не придонесуваат ке бидат се повеке а нарочито глупавите.
 Еутаназијата е целта, #основниот инструмент во идните опшества. 
Секако немат да ги убиваме и организираме логори. Ке ги #натераме да мислат дека тоа што го прават е за нивно добро. Преголемата #популација во главно е непотребна и е #економски прескапа. За опшеството е најдобро #нагло да се закочи од колку полека да се #влошуват ситуацијата. …
Ке пронајдиме нешто или ке #предизвикаме#пандемија чија цел е #одредена глупа на луѓе, вистинска или лажна #економска криза, вирус кој ке ги #погодит старите,дебелите, #слабите ке подлегнат, #плашливите и глупите ке поверуваат и ке #побараат да се лечат. Ке #организираме третман, кој ке биди решението. 
Селекцијата на #идиоти ке се остварит сама – Тие #сами ке одат во #кланица “. 
“Иднината на Животот” (L’avenir de la vie) – Жак Атали, 1981] Интервју со #Мишел Саломон, колекција Les Visages de l’avenir, издание Seghers.

Не е вистина наведеното во објавата дека францускиот економист Жак Атали дискутирал за депопулација на планетата или оркестрирана пандемија во книгата „Иднината на животот“, објавена во 1981 година. Тој не е ни автор на книгата, туку дал интервју во неа (книга првично објавена на француски јазик со име “L’Avenir de La Vie” во 1981), но освен тоа што не е нејзин автор, тој воопшто не ни споменува „депопулација“ во книгата, како што невистинито се тврди во објавата што ја рецензираме.

Атали е поранешен советник на францускиот претседател Франсоа Митеран и има напишано повеќе книги. Но, ниедна од нив не се вика „Иднината на животот“. Книгата „Иднината на животот“ објавена во 1981 година и подоцна преведена на англиски јазик е напишана од Мишел Саломон и во неа е објавено интервју со Атали во кое тој одговара на прашањето „дали е можно и посакувано да се живее 120 години?“.

Издавачката куќа што ја објавила книгата – „Сегерс“, на проверувачите на факти на „Франс Прес“ им испратила копија од делот во кој е цитиран Атали.

Во еден дел од интервјуто Атали вели:

Кога човек е постар од 60 или 65 години, и неговата продуктивност и профитабилност почнуваат да опаѓаат, тој го чини општеството. 

И потоа продолжува:

Всушност, од гледна точка на трошок за општеството, многу е подобро човечката машина нагло да престане да функционира отколку да пропаѓа пополека. 

Но, Атали никаде не споменува ниту депопулација ниту пандемија, како што невистинито се тврди во измислената изјава од објавата што ја рецензираме.

Изјавата е целосно измислена. На ниеден начин не е ни блиску до оригиналниот извадок. Ова е како да велат дека сум ја напишал „Мојата борба“ изјавил Атали за проверувачите на факти на „Франс Прес“ на 12 април 2021 година.

Проверувачите на факти на „Мит Детектор“ дебанкирале слична фабрикација на „извадок од книга на Атали“ која не го носи истото име од објавата што ја рецензираме туку друго, „Вербатим“. Но, измислената и фабрикувана изјава која му се атрибуира на Атали е слична и во тој случај.

За време на минатата година, од француски и англиски сметки на социјалните мрежи се ширеше поекстензивна верзија од фабрикувана изјава која се ширеше и на руски социјални мрежи, сајтови и форуми во 2020 година. Според фабрикуваната изјава, депопулацијата ќе се случува во иднината и старите луѓе кои не произведуваат ништо економски вредно ќе бидат уништени преку пандемија, пишува „Мит Детектор“.

„Мит Детектор“ додава дека Атали во еден дел од книгата „Иднината на животот“ за луѓето на возраст меѓу 60 и 65 години во смисла на тоа дека „во логиката на индустријализираното општество, целта ќе биде да не се продолжува животниот век туку да се осигури дека во конкретен животен век луѓето живеат што подобро можат“.

Атали исто така, во интервјуто спомена дека „евтаназијата ќе биде еден од неопходните инструменти за идните општества. Но, тој самиот појасни дека не е поддржувач на евтаназија. Најверојатно цитатот од кој произлегува дека Атали наводно зборувал за намалување на популацијата на старите луѓе, се појавило како резултат на манипулативна интерпретација на ова интервју, пишува „Мит Детектор“.

И проверувачите на факти на „Ројтерс“ пишуваат дека книга на Жак Атали не вклучува и во неа не се споменува „депопулација со пандемија“.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција