Жанета Чаушевска
Жанета Чаушевска е градоначалник на општина Градско од април 2013 година.
ПРИВАТЕН ЖИВОТ
Родена е во Битола во 1963 година. Од 1988 година, по стапувањето во брак одреден временски период живее во Велес.
КАРИЕРА
Жанета Чаушевска по професија е лекар. По отворањето на приватна здравствена ординација во 1994 година станува жител на Градско.
ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА
Во 2009 година станува член на Советот на општина Градско и негов претседател, за на последните локални избори во 2013 година, како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ да биде избрана за градоначалник на општина Градско. Таа забележи апсолутна победа во првиот круг на изборите.
ИЗВОРИ
Веб-сајт на општина Градско – Градоначалник
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар