Женско бебе од Краков преставено како да е машко бебе од Македонија

Со едноставно пребарување на фотографија јасно станува дека оваа Фејсбук објава е измама и манипулација. Фотографијата е од Краков, Полска, и е направена лани, на 1 јануари 2020 година. На оваа фотографија е прикажан парот кој го добил првото дете родено во 2020 година во Краков

 

 

Семејна фотографија од родители и мало бебенце во креветче во болничка соба објавена на Фејсбук страница и претставена како да е изворно од Македонија.

Утрово постанавме родители прв пат после седум години во брак.

-Добивме син да ни е жив и здрав

-Кој сака нека честита

Под оваа објава има речиси 60 коментари со честитки за раѓањето на бебето и речиси 400 допаѓања. Сите корисници на социјалната мрежа, кои искоментирале, поверувале во објавата и им посакуваат сè најубаво на родителите и бебето. Но, сите овие луѓе се измамени. Оваа објава е невистинита.

Детето ниту е родено овие денови, ниту е од Македонија а згора на сè не е ниту машко (син).

Со едноставно пребарување на фотографија јасно станува дека оваа Фејсбук објава е измама и манипулација. Фотографијата е од Краков, Полска, и е направена лани, на 1 јануари 2020 година. На оваа фотографија е прикажан парот кој го добил првото дете родено во 2020 година во Краков.

Притоа, бебето е девојче по име Лена Брила, така што овој пар не добил син, туку ќерка.

Во објавите за ова прво новороденче во 2020 година во Краков, никаде не пишува дека овој пар прв пат станале родители после седум години во брак, како што се тврди во објавата за да се привлече поголемо внимание, симпатии и емпатија кај читателите.

Освен што е неточна, објавата е проблематична од уште еден аспект. Оваа фотографија е лична и овие луѓе не се прашани и не дале дозвола таа да се споделува по разни Фејсбук страници само затоа што е симпатична. Ова е нарушување на нивната приватност, а тие најверојатно не се ни запознаени за што се користи нивниот среќен момент.

Целата објава е чиста измислица. Се користат фотографии земени без дозвола и се пишува лажна објава само за да се постигне поголема видливост и да се ќарат неколку лајкови и коментари повеќе со предизвикување на емотивни реакции на корисниците на социјални мрежи што ќе наидат на фотографијата.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција