Жерновски го нарече Груевски кукавица – најави разврска во судница
Градоначалникот на Центар беше повикан да даде исказ денеска во рамките на истрагата на СЈО за демолирањето на бараките на Општина Центар во „спонтаните“ протести во јуни 2013 година, како и за нарачката од Груевски за физички напад врз Жерновски.
Градоначалникот на Центар беше повикан да даде исказ денеска во рамките на истрагата на СЈО за демолирањето на бараките на Општина Центар во „спонтаните“ протести во јуни 2013 година, како и за нарачката од Груевски за физички напад врз Жерновски.
Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, денеска, вторпат од воспоставувањето на Специјалното јавно обвинителство, даде исказ за материјалите поврзани со „бомбите“ обелоденети од СДСМ. Притоа, тој го нарече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ „не само криминалец, туку и насилник и кукавица“ и му рече дека го чека во судница за да му ја види храброста.
Тоа е едно од најгрозните вистини коишто ги дознаваме за него од прислушкуваните материјали. Од тие материјали можеме да увидиме дека не станува збор само за криминалец, туку и за насилник и кукавица. На таквите како Груевски не им е место во политиката. За таквите како него местото им е во поправни установи, а од ова што го слушнавме и во здравствени установи, рече Жерновски денеска.
Тој беше повикан да даде исказ во рамките на истрагата на СЈО за демолирањето на бараките на Општина Центар во „спонтаните“ протести во јуни 2013 година, како и за нарачката од Груевски за физички напад врзнего. Во еден од прислушуваните разговори обелоденети од опозицијата, се слуша како Груевски бара да се инсценира протест, при кој ќе се влезе и во објектот на Општината за новиот градоначалник Андреј Жерновски да добие неколку шлаканици в лице.
Жерновски првиот исказ пред СЈО го даде на 26 јули годинава.
Нарачката за „шамари“ ја слушаме во 23-та бомба.
НГ: Јас си мислам покрај тоа што на уставен ќе падне, у петок он да изеде едно пет шест шамари пред камери… да влезат граѓани и еден граѓанин да дојде да му удри три шамари, јаки, и да си искочи
МЈ: Може да договориме сценарио мислам, ја планирав овие нашиве да излегуваат да протестираатНГ: Ама не го збори ова на никој
МЈ: Не, добро
НГ: Оти ако се расчуе, џабе, ќе знае и ќе спречи
МЈ: Значи ептен онака значи, тоа е исто како мали џокица замислува нешто си прави одлука и си пишува шо сака во одлуката
НГ: Подговтви го Мартин и Суле да спремаат од утре да маваме.
МЈ: Добро, ги имам материјалите…
НГ: У петок ќе му собереме едно 2.000 луѓе пред Центар, дел ќе си влезат и внатре, пошо нели имаат право граѓани да влезат, па да видиме да размислиме дали еден да стане и едно три четири шамари јаки да му врзе пред сите. Не може ништо да му се напраи, нема тешка телесна повреда тука за кривична, има прекршочна само.
МЈ: А.. Добро е советниците да прават тие како за буџетот шо прават
НГ: Како
МЈ: Нашиве советници да прават како за тие што правеа за буџетот. Да излегуваат да викаат спротивно на закон, не си ти устав да цениш, кој си ти устав да цениш
НГ: Да да… Ќе му ја скршиме седница,
МЈ: Тоа е
НГ: Нема да може да одржи една седница,
МЈ: Важи, ќе го спремам и Мартин…
НГ: Aли да имаме со аргументи да ја напумпаме атмосферата дека праи фалш за после тоа да има оправдување за тој чекор
МЈ: Важи ќе ги спремам јас ќе се слушнам со Мартин… Ги имам сите аргументи
НГ: Ај
МЈ: Важи поздрав
За вандализмот и демолирањето на Општината, градоначалникот Жерновски во неколку дописи до поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јануловска, бараше одговорност за нарачателите и сторителите. Сепак, иако дел од нив, како што велат од Општина Центар, беа фотографирани со неа и со Груевски, односно беа и делегати на Конвенцијата за избор на Ѓорге Иванов за претседателски кандидат на ВМРО- ДПМНЕ, до денес истите не се идентификувани и санкционирани.
Денешниот исказ на Жерновски е чекор напред во ситуацијата, оти Специјалното јавно обвинителство се зафати со расчистување за одговорноста, откако речиси три години Основното јавно обвинителство не се произнесе. Градоначалникот на Општина Центар денеска, откако излезе од просториите на СЈО, му порача на Груевски дека го чека во судница, за да види колку е храбар.
Бидејќи јасно е дека наскоро ќе се видиме во судница, ќе имаме можност да видиме колку си храбар, бидејќи повеќе од очигледно е дека имаме нерасчистени сметки – рече Жерновски.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар