Жика Стојановски

Жика Стојановски e градоначалник на Oпштина Илинден

 

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Жика Стојановски е роден на 9 ноември 1963 година во Куманово.

 

ОБРАЗОВАНИЕ

Дипломирал на  Машинскиот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а магистрирал на Економскиот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“.

 

КАРИЕРА

Како машински инженер работел во МЗТ Опрема, Скопје, од 1996-1998  бил  технички директор во „Импласт“-Скопје, а потоа бил именуван за директор на Јавното комунално претпријатие „Илинден“.

Во 2005 година, на локалните избори, за првпат станал градоначалник на Општина Илинден, потоа довербата од жителите на Општината ја добил и на локални избори, во 2009 година и во 2013 година, како и на последните локални избори во  октомври 2017 година, кога по четвртипат е избран за градоначалник на оваа Општина.

Стојановски е претседател на Надзорниот одбор на ЗЕЛС во периодот 2013-2017 година . Автор е на книгата „Управување со современите фактори на растот на локално ниво, Градење на локална самоуправа заснована на знаење“.

 

ИЗВОР:

Веб-страница на Општина Илинден: Градоначалник

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција