Зилбеари: Политичарите се најголемите дистрибутери на дезинформации, сметаат граѓаните

Фото: Елида Зилбеари, скриншот од емисијата Клик Плус - ТВ21

Според едно истражување и анкета спроведена од „Метаморфозис“, за перцепцијата околу дезинформациите, 90 отсто од испитаниците се изјасниле дека најголеми дистрибутери на дезинформации се политичарите, потоа медиумите и новинарите, а потоа социјалните мрежи.
Ова се само дел од податоците што ги откри главната уредничка на Порталб.мк, Елида Зилбеари во емисијата „Клик плус“ на ТВ21 каде се зборуваше за лажните вести, слободата на изразување и медиумското образование, пишува Порталб.мк.

Според едно истражување и анкета спроведена од „Метаморфозис“, за перцепцијата околу дезинформациите, 90 отсто од испитаниците се изјасниле дека најголеми дистрибутери на дезинформации се политичарите, потоа медиумите и новинарите, а потоа социјалните мрежи.
Ова се само дел од податоците што ги откри главната уредничка на Порталб.мк, Елида Зилбеари во емисијата „Клик плус“ на ТВ21 каде се зборуваше за лажните вести, слободата на изразување и медиумското образование, пишува Порталб.мк.

 

„Поразително е тоа што политичките партии и лидерите имаат улога и во делот на нарушување на новинарскиот професионализам. Секој трет испитаник наишол на хроники кои содржат дезинформации и искривени факти. Останатите резултати ќе ги презентираме на конференцијата за дезинформациите“, рече Зилбеари.

Таа истакна дека новинарството во последно време се соочува со многу предизвици и крајно време е да се направи сé што е можно во борбата против дезинформациите и да се подигне професионалноста на медиумите кои се посветени тоа да им биде примарна цел, што и е правилно.

„Имаме ненамерни грешки кои се случуваат во текот на процесот и за тоа има лек, се бара извинување, се коригира грешката, нормалниот процес на верификација продолжува со зголемено внимание и ова е професионално и хумано, затоа што кој ќе згреши мора да побара извинување. Од друга страна пак, се намерните грешки, дезинформации, или злонамерното ширење дезинформации од луѓе кои имаат агенда за да наштетат некому, или да профитираа нешто“, рече Зилбеари.

Во однос на руските дезинформации во Северна Македонија, според Зилбеари, тие се континуирани уште од осамостојувањето на земјата и повеќето од нив доаѓаат преку Србија.

„Дел од дезинформациите доаѓаат од Србија затоа што Спутник [руски медиум] има своја база таму и некои од медиумите, особено македонските, ги добиваат вестите од Спутник, но има и албански медиуми кои од незнаење потоа истите вести ги добиваат од македонските медиуми. И на некој начин се шири про-руска пропаганда. Освен тоа, постојат телевизии, како што се Russia Today, Russia Beyond. Значи има неколку извори кои преку Србија доаѓаат во Македонија, истите се преведуваат, одат на Косово, одат и во Албанија. Токму нашиот проект ја има оваа задача да го следи патот на една дезинформација од каде почнува и до каде стигнува таа дезинформација“, истакна Зилбеари.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција