Златко Марин


Warning: Use of undefined constant vetuvanja - assumed 'vetuvanja' (this will throw an Error in a future version of PHP) in /home/portalb/webapps/vistinomer3/wp-content/themes/publisher-child/functions.php on line 653

Златко Марин е градоначалник на Општина Аеродром

 

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Златко Марин е роден на 14 јули 1978 година во Скопје.

 

ОБРАЗОВАНИЕ

Дипломирал на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје и се стекнал со звање дипломиран професор по физичко и здравствено воспитание.

 

КАРИЕРА

Во периодот од 2002 до 2005 година е именуван за член на надзорен одбор на ЈСП – Скопје.

Во период од 2005 до 2012 година ја извршувал функцијата член на Советот на Општина Аеродром.

Златко Марин е избран за градоначалник на Општина Аеродром во првиот круг на локалните избори на 15.10.2017 година.

 

ИЗВОРИ

Веб-страница на Општина Аеродром:  Градоначалник/Биографија

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција