Знамето на гордоста нема да биде забрането на FIFA Club World Cup 2025
Текстот од каде се проширила оваа дезинформација е објавен на сајт што е сатиричен. Во оригиналниот напис се наведува дека истиот не е вистинит, а и службата за односи со јавност на ФИФА за странски проверувачи на факти демантира дека знамето на гордоста ќе биде забрането на Светскиот куп 2025
Текстот од каде се проширила оваа дезинформација е објавен на сајт што е сатиричен. Во оригиналниот напис се наведува дека истиот не е вистинит, а и службата за односи со јавност на ФИФА за странски проверувачи на факти демантира дека знамето на гордоста ќе биде забрането на Светскиот куп 2025
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува фотографија на која на се гледа фудбалски стадион, а во публиката е прикажано знамето на ЛГБТ заедницата (знамето на гордоста). На самата фотографија пишува „Дали знамето на гордоста е забрането на ФИФА Светскиот куп во 2025?“ и на неа го има логото од сервисот за проверка на факти „Фактли“. Во описот на објавата, пак, се тврди:
Знамето на изопачените ќе биде забрането на 2025 FIFA Club World Cup.
Со ваквиот опис се навредуваат припадниците на ЛГБТ заедницата со тоа што се нарекуваат „изопачени“. „Вистиномер“ го пронајде целиот текст од проверката на факти на „Фактли“ од која во објавата што ја рецензираме се споделува само скриншот. Не е вистина наведеното во објавата што ја рецензираме дека „ЛГБТ знамето ќе биде забрането на ФИФА Светскиот куп во 2025 година“. Ваквото тврдење потекнува од сатиричен текст објавен на 15 ноември 2024 година на сајтот SpaceXMania, каде на дното од страницата стои јасен дисклејмер – „ова е сатира“.
Дополнително, тимот на ФИФА за комуникација со медиумите и јавноста појаснил дека тврдењето со наводната забрана на знамињата е невистинито.
И во официјалните информации од ФИФА за „2025 ФИФА клуб Светскиот куп“ објавени на 2 декември 2024 година, кои вклучуваат детали за турнирот, како квалификувани тимови, групи, билети, формати итн, нема никакво споменување на забрана на знамето на гордоста.
Преку мејл го контактиравме тимот на ФИФА и тие појаснија дека извештаите за забрана на знамето на гордоста се невистинити. Потврдија дека овој текст не е валиден и дека изворот е сатиричен веб-сајт кој јасно наведува на дното од извештајот дека се работи за невистинита содржина, пишува „Фактли“.
Кога ќе се погледне делот „за нас“ на сатиричниот сајт, станува уште појасно дека на него се објавува само „сатира, дрски анализи и лажни вести“, според описот што е објавен на самиот сајт.
И проверувачите на факти на „Ројтерс“ оценуваат дека станува збор за дезинформација која потекнува од пародичен сајт.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар