Зоран Јовановски: Просечната нето плата во март годинава е пониска од онаа од ланскиот јуни

Просечната месечна нето плата по работник исплатена во март годинава е пониска од онаа од ланскиот јуни, а во меѓувреме пораснаа цените на сите основни производи. [Датум: 06.06.2012 | Извор: Сител]

Образложение:

Според информациите од Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2012 (последен извештај), изнесува 21 081 денари. Во јуни минатата година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен изнесувала 21 119 денари. Според ова, постои намалување на износот на просечната месечно исплатена нето-плата за 38 денари. Исто така, според извештајот на Заводот за статистика, индексот на цените на мало во мај 2012 година, во споредба со мај 2011 година, бележи пораст од 2.8%, а индексот на трошоците на животот бележи пораст од 2.0%. Според тоа, изјавата на господинот Јовановски дека просечната месечна нето плата по работник е намалена, а трошоците за живот се зголемени, може да се оцени како вистинита.

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција