Зоран Коњановски: „Винеа“ ќе биде избришана од регистарот на винарии… доколку не го доисплати заостанатиот долг кон лозарите

konjanovski-zoran
Заменик министер за земјоделство, Зоран Коњановски | Извор: Дневник | Датум: 02.04.2013

Бришење од регистарот на винарии и неможност за откуп на грозје за винарската визба “Винеа” од росоманското село Паликура, доколку не го доисплати заостанатиот долг кон лозарите за 2009, 2010 и 2011 година, најави во кавадаречкото село Марена заменик министерот за земјоделство Зоран Коњановски.

Образложение:

Горната изјава заменик министерот за земјоделство, Зоран Коњановски ја даде на 2 април 2013 година, предупредувајќи ја по којзнае кој пат оваа винарија дека мора да го плати во целост долгот од субвенциите кон лозарите и тоа за 2009, 2010 и 2011 година. Невршењето на исплатата на субвенциите за три години и тоа селективно, зашто некои лозари имаат добиено пари, а не некои немаат ниту за три години, покажува дека винаријата „Винеа“ самата одлучува кому ќе му плати, а кому не по некои свои критериуми, што е и незаконски, зашто субвенциите мора да се исплатуваат за сите во точно определен рок, но и крајно нефер, зашто винаријата се јавува како еден вид судија кој одлучува кој ќе зема пари од субвенции редовно, а кој нема да зема воопшто, што во никој случај не смее да го прави.

2013 година заврши, но лозарите не ги добија своите пари и тоа сега не само за 2009, 2010 и 2011 година, туку нов проблем се и субвенциите за 2012 година, а винаријата сѐ уште не само што не е избришана од регистарот, туку ѝ е дозволено и понатаму да работи и да не ги исплаќа во целост субвенциите, односно да врши дискриминација меѓу лозарите – на оние на кои им плаќа и на оние на кои не им плаќа. Ваквата пракса продолжува, иако Коњановски рече дека законскиот рок за исплата на субвенциите е крајот на јуни лани.

Од друга страна, пак, лозарите прашуваат зошто државата го толерира нечесното и незаконско работење на винаријата и зошто не и бара банкарска гаранција со која би се потврдила способноста на плаќање на преземеното грозје.

„Не ми е јасно зошто државата толерира нечесно работење. Ваквата практика мора да запре. Апелираме државата да направи законски измени со кои ќе се санкционираат нечесните откупувачи, да им се бара банкарски гаранции дека се способни да го платат грозјето што ќе го купат“, рекоа револтираните лозари.

На средбата со лозарите Коњановски го изјави и следното:

„Пред неколку дена кога дојдов во Кавадарци добив сознанија дека се уште има лозари кои имаат за земање пари за 2009, 2010 и 2012 година. Не се работи за целокупните реколти, но јас си презедов обврска да дојдам тука да ги погледнеме тие списоци заедно со лозарите и претставник на „Винеа“ кој јавно треба да им вети на производителите на грозје кога и под кои услови ќе им бидат исплатени средствата за откупениот род.“

Веднаш се гледа дека и оваа негова изјава не е точна зашто од горната изјава, како и од редица други, се гледа дека заменик министерот е многу добро запознаен со проблемите околу (не)исплатата на субвенциите кога станува збор за винаријата Винеа.

Извори:

Оценил: Владимир Петрески

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција