Зоран Ногачески
Зоран Ногачески e градоначалник на Oпштина Дебрца
ПРИВАТЕН ЖИВОТ
Зоран Ногачески е роден е на 08.02.1966 година, живее во село Волино, Општина Дебрца. Оженет е со Татјана Ногаческа, со која ги има синовите Бојан и Стефан.
ОБРАЗОВАНИЕ
Дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први”, при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј”- Скопје, во 1992 година.
КАРИЕРА
Професионалната кариера ја започнал во 1997 година, кога бил избран за секретар на Советот на поранешната општина Мешеишта, која функција ја извршува до 2005 година.
Од 2005-2017 година е вработен како државен службеник во општинската администрација на Oпштина Дебрца и тоа: од 2005-2011 година како комунален инспектор, од 2011-2013 како раководител на одделението за правни прашања и општи работи, од 2013-2017 година како раководител на одделението за инспекциски работи.
На локалните избори одржани на 15-ти октомври 2017 година, Ногачески е избран за градоначалник на Општина Дебрца, освојувајќи мнозинство гласови во првиот изборен круг.
Зоран Ногачески од 2013-2017 година е претседател на општинската организација СДСМ Дебрца.
ИЗВОРИ:
Веб-страница на Општина Дебрца: Градоначалник
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар