Зоран Ставрески: 550 милиони евра странски инвестиции

Во Република Македонија во период од четири години по основ на странски инвестиции се влезени милијарда и 550 милиони евра. Оваа сума е двапати повеќе од вкупниот прилив по тој основ во периодот од 1990 година до 2005 година. [Датум: 02.12.2012 | Извор: Прес 24]

Коментар:

Според податоците од Народната Банка на Република Македонија, вкупниот износ на странски директни инвестиции во периодот од 2007 до 2011 година изнесува 1 милијарда и 547,7 милиони евра, или пресметано во американски долари, 2 милијарди и 157,5 милиони долари. Според тоа, овој дел од изјавата на министерот Ставрески може да се смета за точен.

За споредба, износот на странски директни инвестиции во периодот од 1994 до 2005 година (нема податоци за периодот 1990-1993) изнесува 1 милијарда и 647,3 милиони долари. Во споредба со претходниот период (1647,3 наспроти 2157,5 милиони долари), јасно е дека не станува збор за двојно поголем износ на странски директни инвестиции како што тоа го изјавува министерот. Според тоа, овој дел од изјавата се смета за неточен. Севкупно, може да се заклучи дека изјавата на министерот Зоран Ставрески е само делумно вистинита.

Линкови:

Оценето од: Дејан Димитриевски

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција