Зоран Ставрески: Пораст од 93% на странските директни инвестиции
Придобивките од концептот технолошко-индустриски развојни зони се евидентни. Странските директни инвестиции во земјата кумулативно во периодот од 2007 до 2011 година изнесуваат 1,5 милијарди евра, што означува пораст од 93 отсто во споредба со периодот од 2003 до 2006 година, а значајно е што ова се случува во време кога светската економија ги доживува своите најтешки моменти уште од големата депресија. [Датум: 25.08.2012 | Извор: Сител Телевизија]
Образложение:
Според податоците од EUROSTAT базата на Европската Комисија, странските директни инвестиции за секоја година поединечно од 2003 до 2010 изнесуваат:
- 2003 – 100,13 милиони евра
- 2004 – 259,72 милиони евра
- 2005 – 74,91 милиони евра
- 2006 – 344,68 милиони евра
- 2007 – 506,85 милиони евра
- 2008 – 409,36 милиони евра
- 2009 – 136,91 милиони евра
- 2010 – 219,94 милиони евра
- 2011 – 303,5 милиони евра (Извор – НБРМ)
Кумулативно, странските директни инвестиции за периодот од 2003 до 2006 година изнесуваат 779,44 милиони евра, а за периодот од 2007 до 2011 година изнесуваат 1 576,56 милиони евра. Постои зголемување на инвестициите за 100%, односно има двојно повеќе инвестиции во периодот 2007-2011 отколку во периодот 2003-2006.
Според тоа, оваа изјава на министерот Ставрески се оценува како вистинита.
Линкови:
- EUROSTAT
- Плус Инфо (15.03.2012): Странските директни инвестиции во 2011 изнесуваа 303,5 милиони евра. [Пристапено на 29.08.2012]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар