Зоран Ставревски: Пониски каматни стапки за државни записи

Сметам дека се создадени условите за дополнително намалување на каматните стапки. На првата наредна аукција кога ќе ги објавиме државните записи ќе имаат пониски каматни стапки. Ова го прави Министерството за финансии за да влијае и да прати сигнал до банките поголем дел од средствата да пласираат во стопанството преку кредити, или да ги намалат сопствените каматни стапки. Најдобро би било двете работи заедно да ги направат [Датум: 10.05.2012| Извор: Вест]

Образложение:

Министерството за финансии информираше дека на последната аукција одржана на 15.05.2012, направена е корекција од 0,2% на тромесечните и шестемесечните државни записи без девизна клаузула со што каматната стапка се намали на 4%. Шестмесечните записи со девизна клаузула се намалени за 0,3% на 4,1%.

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција