Зоран Ставрески: СДСМ оствари трипати помал економски раст во однос на ВМРО

СДСМ во години на бум на светската економија оствари три пати помал раст на македонската економија во однос на ВМРО-ДПМНЕ во услови на економска криза. [Датум: 28.05.2012 | Извор: Сител]

Образложение:

Според податоците на Меѓународниот Монетарен Фонд (ММФ), проектираниот економски раст на македонската економија за оваа година изнесува 3%. Во останатите години пост економската криза од 2008 година, економскиот раст на земјата изнесуваше 3% во 2011 година, 1,8% во 2010 година и ­0,9% во 2009 година. Во годините кога СДСМ беше на чело на Владата на Република Македонија, економскиот раст на земјата изнесуваше 2,8% во 2003 година, 4,6% во 2004 година и 4,3% во 2005 година. Доколку ги споредиме овие бројки ќе видиме дека станува збор за слични износи, дури и пониски во периодот пост-2008 во споредба со периодот 2003-2005. Според тоа, оваа изјава на министерот Ставревски, дека економскиот раст во времето на СДСМ бил за три пати помал од денешниот, се оценува како невистинита.

Линкови:

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција