Зоран Заев

На 31.05. 2017 година  Зоран Заев е избран за претседател на Владата на Република Македонија.

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Претседателот на СДСМ и градоначалник на Струмица, Зоран Заев, е роден во на 8 октомври 1974 година во Струмица. Оженет со Зорица Заева, со која има две деца, Александра и Душко.

 

ОБРАЗОВАНИЕ

Oсновно и средно образование има завршено во Струмица.

Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје во 1997 година и е постдипломец на студиите по Монетарна економија и финансии на истиот.

Говори англиски и српски јазик.

 

КАРИЕРА

1997 – 2001: Тргопродукт – Струмица

2001 – 2003: директор на Тргопродукт – Струмица

1998 – 2003: член на УО на „Штедилница Пеон“ – Струмица

2001 – 2003: член на ОУ на „ИГМ – Еленица“ – Струмица

2000 – 2003: претседател на УО на ЈПКД „Комуналец“ – Струмица,

2003 – 2005: пратеник во Собранието на Република Македонија.

2005 – 2009: градоначалник на Струмица

2009 – 2013: градоначалник на  Струмица

2013 – декември 2016: градоначалник на Струмица

декември 2016 – 31.05.2017 – пратеник во Собранието на Република Македонија

 

ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА

Зоран Заев е претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија од 2013 година. На VIII Конгрес на СДСМ во 2008 година е избран за в.д. претседател на партијата, функција која ја вршеше до IX Конгрес кога беше избран за потпретседател на Централниот одбор на партијата. Заев бил потпретседател на Централниот одбор на СДСМ и во периодот од 2006 до 2008 година. За време на парламентарните избори во 2006 година бил шеф на регионалниот Изборен штаб за 4-та изборна единица. Во два мандати бил и член на претседателството на општинската организација на СДСМ Струмица. Во два мандата бил член на Претседателството на ОО СДСМ во Струмица. Во ноември 2002 година станал член на ЦО СДСМ.  Зоран Заев e член на СДСМ од 1996 година.

 

НАГРАДИ:

Добитник е на наградата за најдобри практики од Советот на Европа за првото јавно – приватно партнерство во Република Македонија, имплементирано во изградбата на објектот „Глобал”. Општина Струмица под негово водство е добитник на највисоко државно признание во областа на екологијата (2007 – 2008 година).

 

Случајот „Глобал“ и аболицијата

На 17 јули 2008 година, поради можност за злоупотреба на службената положба во врска со изградбата на трговскиот центар Глобал бил уапсен заедно со уште петмина негови “соработници“. Случајот се завршил по аболицијата потпишана од страна на тогашниот претседател Бранко Црвенковски, со кое Зоран Заев и неговите соработници биле пуштени на слобода.

 

„Вистината за Македонија“

Од февруари 2015 година Заев го започна проектот „Вистината за Македонија“ со објавување на прислушкуваните разговори на прес- конференции и ја запозна македонската јавност со индициите за сторен криминал на повеќе државни функционери од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

 

„Пуч“

На крајот од април 2015 година, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција до Основниот суд Скопје 1 поднесло обвинение против Заев и уште неколку лица осомничени во случајот „Пуч“. Притоа, во обвинението, Заев се товари за кривичното дело насилство кон претставници на највисоките државни органи.

 

***Обновено на 01.06.2017 година

ИЗВОРИ

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија (BTD – The Balkan Trust for Democracy), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, NED или BTD.

Оставете реакција