5Г мрежата не го активира Марбург вирусот, ниту пак, луѓето се чипирани и имаат графен оксид

Видеото е од 2021 година, но тоа на ниедно место во објавата не се кажува, па кога ќе се погледне се добива впечаток дека станува збор за сегашен настан и непотребно се крева паника и страв во јавноста за смртоносен вирус. Во објавата се…

Патентот на Мајкрософт воопшто не се однесува на инјектирање микрочипови кај луѓето

Апликацијата за патент споменува технологија која дозволува активноста на луѓето да биде мониторирана во замена за криптовалути, но не се работи за имплантирање чипови. Овој патент уште не е одобрен. Во патентот воопшто не се споменува дека…

Доктор неосновано тврди дека вакцината на Фајзер содржи микрочипови

Дозата на вакцината е помала од еден милилитар. Стандардната доза на Фајзер содржи 0.3 милилитри. Тоа не е доволен волумен во кој би можел да се вметне микрочип, дури и кога некој би посакал да направи такво нешто, наспроти она што го тврди…

Во вакцината на Фајзер нема наночипови и графен оксид

Никсон е доктор кој работи во Бризбејн, Австралија и тој не е првиот кој почна да ја шири дезинформацијата дека во вакцините на Фајзер, наводно има нанотехнологија, односно некакви роботи коишто составуваат објекти во човековото тело.…

Вакцините против ковид не содржат чипови и графен оксид и не предизвикуваат ненадејна смрт

Не е точно дека вакцинацијата против ковид-19 предизвикува зголемена стапка на смртност од синдромот САДС. Фактите говорат дека вакцините против ковид-19 не содржат чипови и графен оксид и тие никако не се поврзани со 5Г технологијата. Нема…

Не е точно дека целта на Агенда 2030 е да се чипуваат и убијат 7 милијарди луѓе

Во видеото нема ништо ни за вакцини, ни за чипување, а камоли за убивање на 7 милијарди луѓе на планетата до 2030 година, како што се тврди во постот. Кога ќе се погледне генералната идеја за Агенда 2030, јасно е дека целта е носење на…

Лага е дека ковид-19 не постои, дека нѐ прскаат од авиони и дека нѐ чипираат со вакцините

Со теоријата на заговор за „кемтрејлс“ користена во постот, се инсинуира дека авионите нè трујат со хемиски супстанци односно отрови кои предизвикуваат симптоми карактеристични на ковид-19. Ова, се разбира е неточно. Направени се…

Не е изваден чип од вакциниран човек во Русија

На видеоматеријалот што се споделува на Фејсбук нема ниеден момент и ниеден кадар што потврдува дека се вади чип од рамо на вакциниран човек. Дозата на вакцината е помала од еден милилитар, тоа не е доволен волумен во кој би можел да се…

Пензионирани патолози шират неосновани тврдења дека вакцините против ковид-19 содржат чипови

На таканаречената „Патолошка конференција“, се шират неосновани тврдења за вакцинацијата против ковид-19. Професионалните здруженија за патологија се дистанцираат од изјавите и наводите на пензионираните патолози и ги отфрлаат како „научно…

Вакцините против ковид не содржат чипови

Постот шири лажни информации оти вакцините содржат некаков чип. За ваквите тврдења не постојат никакви научни докази и истите ги шират луѓе кои се познати по ширењето на разно разни теории на заговор поврзани со вакцинацијата против…

Не се развива чип за детекција на ковид, туку сензор од хидрогел кој не може да детектира патогени

Невистинито е тврдењето во овој пост дека е развиен микрочип за детекција на ковид. Сензорот спонзориран од американската војска може да детектира ковид, но не е микрочип. Станува збор за зелен сензор кој е помал од зрно ориз, ама не е…

Вакцините против ковид немаат чипови!

Четвртиот бран на ковид пандемијата го достигна врвот, а социјалните мрежи вријат од дезинформации кои се однесуваат на вакцинацијата против ковид. Иако Вистиномер и Порталб со многу факти многу пати ги побија лажните тврдења според…

Коронавирус има, а микрочипови за следење на вакцинираните нема

Видео на Фејсбук шири дезинформациии дека коронавирусот не постои, а вакцините се метод за микрочипирање на населението и негово следење. Вирусот беше идентификуван од кинеските власти на 7 јануари 2020 година, по што неговиот генетски…

Лага е дека Израел почнува со чипирање на децата

Објава на Фејсбук споделува видео во кое има изјава на Бенџамин Нетанјаху, поранешен премиер на Израел, дадена пред една година, претставувајќи ја како нова и лажно тврди дека Нетанјаху бил за чипирање на децата. Но, тој никаде не спомнува…

Лага е дека вакцината „Спутник“ содржи графен оксид и дека со неа се вградува чип

Секој кој ќе го погледне видеото ќе сфати дека тоа е нереално, бидејќи вакцините против ковид-19 се безбојни и во течна форма, и тие се аплицираат со многу тенка, обична игла. Тоа значи дека е невозможно толкаво парче метал да помине низ…

Вакцините немаат чип ниту магнетизирачко дејство

Вакцината нема магнет во неа. Второ, како што пишува „Форбс“, ниедна вакцина против ковид не содржи траги од железо, никел, кобалт, литиум. мРНА вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ имаат липиди, соли, шеќери и киселини и киселински…

,,Чипот” на анти ковид вакцината е бар-код за самата вакцина и не се инјектира во пациентот

Бидејќи авторот на објавата не сакал или не разбрал што се кажува во видео-сторијата што ја пласирал заедно со неговиот текст, доаѓа до дезинформација на јавноста дека со анти ковид вакцините постои наводна опција во човечкиот организам да…

Сатирична објава за чипови во вакцините, преставена како вистинита на социјалните мрежи

Овој текст првично е објавен на англиски јазик на веб-страницата „TheStonkMarket“. Во описот на оваа веб-страница стои дека таа објавува сатирични односно измислени вести: „TheStonkMarket.com е страница за финансиска сатира. Веб-страницата…