Андреас Ноак не е убиен, а графен хидроксид не постои во вакцините против ковид (КОРЕКЦИЈА)

Смртта на хемичарот Андреас Ноак од страна на антивакциналните кругови беше масовно злоупотребувана за ширење невистини за составот на вакцините и за причините на неговата смрт. Не е точно дека Ноак бил убиен поради наводно истражување, туку починал од срцев удар. Неговата партнерка објави видео каде потврдува дека починал од срцев удар, откако претходно се онесвестил во својот дом после што бил однесен во болницата Волфсберг во Австрија. Полицијата на Австрија подоцна потврди дека Ноак починал од природни причини.