Андреас Ноак не е убиен, а графен хидроксид не постои во вакцините против ковид (КОРЕКЦИЈА)

Фото: Принтскрин видео

Смртта на хемичарот Андреас Ноак од страна на антивакциналните кругови беше масовно злоупотребувана за ширење невистини за составот на вакцините и за причините на неговата смрт. Не е точно дека Ноак бил убиен поради наводно истражување, туку починал од срцев удар. Неговата партнерка објави видео каде потврдува дека починал од срцев удар, откако претходно се онесвестил во својот дом после што бил однесен во болницата Волфсберг во Австрија. Полицијата на Австрија подоцна потврди дека Ноак починал од природни причини.

(написот содржи корекрција, која може да се види под текстот) 

Смртта на хемичарот Андреас Ноак од страна на антивакциналните кругови беше масовно злоупотребувана за ширење невистини за составот на вакцините и за причините на неговата смрт. Не е точно дека Ноак бил убиен поради наводно истражување, туку починал од срцев удар. Неговата партнерка објави видео каде потврдува дека починал од срцев удар, откако претходно се онесвестил во својот дом после што бил однесен во болницата Волфсберг во Австрија. Полицијата на Австрија подоцна потврди дека Ноак починал од природни причини. 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели:

Германски хемичар Андреас Ноак е убиен, затоа што јавно кажа и осуди, дека вакцината против ковид 19 содржи графен хидроксид, докторирал на оваа тема. Микрожилети инјектирани. Графен хидроксид во крвните садови на инјектираниот.

Потоа се споделува десетминутно видео во коешто Ноак, изнесува дека во вакцините има графен хидроксид, измонтирано со наводни смртни случаи предизвикани од самата вакцина против ковид-19.

Смртта на Ноак од страна на антивакциналните кругови беше масовно злоупотребувана за ширење невистини за составот на вакцините и за причините на смртта на самиот Ноак. Не е точно дека Ноак бил убиен поради наводно истражување, пишуваат проверувачите на факти на Политифакт, туку починал од срцев удар.

Пред пандемијата Андреас Ноак на својот Јутјуб канал се имаше посветено на говори за алтернативна медицина, суплементи. Со почетокот на пандемијата, тој почна да тврди дека ковид-19 е дел од глобален заговор, со цел да се убие човештвото.

Во ноември 2021 година, Ноак објави видео на својот канал на Телеграм, со тврдење дека вакцините од Фајзер и Бионтек против ковид 19 содржат графен.

Неговата невистинита теза беше базирана на напис од шпански истражувач за кого веќе Вистиномер пишуваше овде.

По смртта на Ноак почнаа да „никнуваат“ различни непоткрепени постови на социјалните мрежи во кои без никакви докази се тврдеше дека тој бил убиен поради тоа што обелоденил дека графен постоел во вакцините. Еден ден после смртта на Ноак, неговата партнерка објави видео каде потврдува дека починал од срцев удар, откако претходно се онесвестил во својот дом после што бил однесен во болницата Волфсберг во Австрија.

Полицијата на Австрија подоцна потврди дека Ноак починал од природни причини.

Погребалното претпријатие задолжено за погребот извести дека имал 57 години.

Професорот Сањин Гутиќ, доктор по хемија и професор на Факултетот за природни науки и математика од Универзитетот во Сараево и Далибор Карачиќ, докторант по хемија и математика и електрохемија на Факултетот за Хемија во Белград, објаснуваат дека тврдењата на Андреас Ноак за некаков графен хидроксид не се базирани во науката, примарно затоа што графен хидроксидот не постои во вакцините против ковид. Исто така е нејасно дали Ноак воопшто спровел свое истражување на темата или само цитирал друго непотврдено истражување, со оглед на тоа што податоци за наводното негово истражување тој нема споделено ниту презентирано.

За сите вакцини, вклучително и за онаа на Фајзер, состојките кои се дел од упатствата се јавно достапни за сите со месеци. На страницата на Центарот за контрола и превенција на болести на САД, се наведени состојките кои ги има во вакцината против ковид 19, меѓутоа графен хидроксид не е меѓу нив.

Таа содржи месенџер рибонуклеидна киселина, липиди, соли и шеќери.

Состојките на вакцината на Фајзер се објавени и од страна на МАЛМЕД, македонската Агенција за лекови и медицински средства, и секако тие се идентични со оние објавени на страницата на Центарот за контрола и превенција на болести на САД. Поради сите горенаведени факти, постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит. Ноак не е убиен туку починал од срцев удар, а вакцините против ковид не ја содржат состојката графен хидроксид и истата не е наведена во нивниот состав.

 

Корекција: Во првичната верија од рецензијата беа содржани две изјави од професорот Сањин Гутиќ, доктор по хемија и професор на Факултетот за природни науки и математика од Универзитетот во Сараево и Далибор Карачиќ, докторант по хемија и математика и електрохемија на Факултетот за Хемија во Белград во кои отсечно се негираше постоењето на графен хидрооксид. Но, по објавувањето на рецензијата, дополнителнитеп проверки, како и реакција на читател покажа дека ова соединение, иако сосема ново, сепак постои и е изолирано, како што може да се забележи во следнава научна студија. Со оглед на ова, таквите изјави се отстранети од написот.

Сепак, тоа не ја менува нашата оценка на рецензираната содржина, во која се тврди дека ова соединение е содржано во ковид вакцините. Нашата оценка останува и понатаму дека ова не е точно. Како што може да се види и од студијата, ова содеинение нема никаква врска со вакцини, туку се анализирало во контект и во областа на производи од областа на кондензатори, поконкретно електроди на кондензатори. 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција