Живко Силјаноски

 

Живко Силјаноски e градоначалник на Oпштина Македонски Брод

 

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Силјаноски е роден на 09.03.1959 година во село Тажево, Општина Македонски Брод. Оженет е и е татко на две деца.

 

ОБРАЗОВАНИЕ

Тој дипломирал на УКИМ – Шумарски факултет во 1983 година.

 

КАРИЕРА

Во 1984 година се вработил во ЈП „Македонски Шуми” – подружница „Јане Сандански” во Македонски Брод.

Од 2000-2004 година е назначен за технички директор на  ЈП „Македонски Шуми” – подружница во Македонски Брод

Од 2005-2006 година  бил директор на ЈП „Македонски Шуми” – подружница во Македонски Брод.

На локалните избори 2013 година е избран за советник во Советот на Општина Македонски Брод.

Во  2017 година повторно е именуван  за директор на ЈП „Македонски Шуми” – подружница Македонски Брод и на оваа функција бил  сè до изборот за градоначалник на локалните избори одржани на 15.10.2017 година.

 

ИЗВОРИ:

Веб-страница на Општина Македонски Брод: Градоначалник

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција