Корекции и појаснувања

Сите барања за корекции и појаснувања можат да се испратат во рок од 30 дена од денот на објавувањето на материјалот за кој се бара корекција преку овој формулар. Тука можат да се достават забелешки за исправање на евентуални неточности, грешки, непрецизности или нејаснотии за кои се смета дека треба да се коригираат.

Одговорните лица во секое од изданијата ќе ги разгледаат забелешките и во рок од 2 дена ќе упатат соодветен одговор.

Информација за секоја направена корекција или дополнување, креирана врз основа на барање од член на публиката, ќе биде јасно наведена на почетокот од написот на кој таа се однесува.

Лицата кои се лично засегнати и сакаат да добијат и директен одговор на својата електронска адреса, се замолуваат да го истакнат тоа во пораката со која се бара корекција или појаснување.

 

Ова упатство за корекции и појаснувања се заснова врз документот со наслов Политика за корекции и појаснувања на Фондацијата Метаморфозис и важи за сите нејзини изданија (каков што е и Вистиномер). Членовите од Уставот на РМ и законите врз кои е креиран овој документ можат да се најдат овде (Анекс 1).

 

Дополнување: Ги молиме корисниците на социјалните мрежи, кои се администратори на страници/групи или сопственици на профили и кои имаат забелешки на рецензиите од Вистиномер за содржини споделени од нивните страници/групи/профили, истите да ги доставуваат во рок од 7 дена од објавувањето на рецензијата, зашто после тој период не сме во можност да вршиме измени во дадените рејтинзи од технички причини поврзани со самото функционирање на сајтовите на социјалните мрежи. Благодариме на разбирањето!

 

Листа на корекции, појаснувања и реакции

Во прилог се додадени измените и дополнувањата во написите на Вистиномер во изминатиот период извршени по нивното објавување. Кај некои од овие измени и дополнувања, измената е наведена јасно уште во самиот наслов од написот, додека кај други, пак, кога станува збор за помали измени, а се поврзани со коментари на читателите, за нив се информира најдолу на страницата под текстот во рубриката за коментари на читателите. Кај некои пак, објаснувањето е веднаш овде на оваа страница и тоа се практикува кога написот е отстранет после неговото објавување

 

 

 

https://vistinomer .mk/kako-portalot-sputnik-glasnogovornik-na-kremlj-izvestuvashe-za-makedonskite-izbori/

1. Во анализата за пишувањето на медиумите финансирани од Кремљ во регионот за време на претседателските избори во мај 2024 година беше цитирана изјава од веб-страницата на RT на српски јазик од еден од претседателските кандидати на изборите во С. Македонија. Во тој напис на RT воопшто не беше споменато дека изјавата е преземена од друг извор, односно дека не станува збор за изјава дадена за RT. По реакцијата на поранешната претседателска кандидатка дека никогаш не дала изјава за RT во текот на изборната кампања, како ни за било кој странски медиум во тој период, објавивме корекција. Жалиме за забуната и покрај фактот дека не можевме однапред да знаеме дека медиумот ја презел изјавата од друго место.

 

2. Редакцијата на Вистиномер веднаш повлече рецензија која се однесуваше на објава (во меѓувреме отстранета) на посетата на германскиот канцелар Олаф Шолц на Кина. Во неа се индицираше дека тој бил дочекан само од заменик-градоначалник на градот каде што слетал првиот ден, но без да се наведе дека тој потоа се сретна со највисокото раководство на државата. Сметавме дека ваквата објава е манпултивна, односно дека и недостига контекст – да се наведе дека бил дочекан само од заменик-градоначалник на град, а истовремено да не се каже дека потоа имал средби со највосоките претставници на Кина. Но, со оглед на фактот што информацијата во однос на дочекот беше точна, како и со оглед на тоа што веднаш по објавувањето и по дополнителна анализа утврдивме дека е тешко да се оцени, односно да се протолкува со сигурност што значи чинот на ваквиот пречек на германскиот канцелар и кои биле намерите на домажините притоа, сметавме дека е најдобро веднаш да се повлече рецензијата пред воопшто да се додели рејтинг. Така и сторивме. (април 2024)

 

3. Рецензиравме објава каде што буквите на венец беа заменети со неавтентични (изменета содржина) без да ги информираме корисниците на платформата, што е погрешно. Ја поднесовме оценката, а потоа добивме реакција од медиум во која се тврдеше дека и нивната фотографија е обележана, и покрај тоа што нема никаква изменета содржина. Проверивме што се случува и видовме дека алгоритмот за оценување погрешно ја обележал нивната фотографија, бидејќи таа беше многу слична со онаа што ги содржеше изменетите букви. Брзо ја отстранивме погрешната оценка и напишавме објаснувачко/извинувачко писмо до медиумот во кое објаснивме што се случува и добивме одговор кој содржеше разбирање за објаснувањето и корекцијата.

 

https://vistinomer.mk/ne-e-tochno-deka-mozhe-da-se-napravi-regeneracija-na-site-organi-so-mikroprocesori-od-kalaj/

4. Во рецензијата беше погрешно напишана титулата на д-р по епигенетика, Горан Кунгуловски како „проф д-р“. Тоа е поправено. Се извинуваме.

 

https://vistinomer.mk/andreas-noak-ne-e-ubien-a-grafen-hidroksid-ne-postoi/

5. Во првичната верија на оваа рецензија беа содржани две изјави од професорот Сањин Гутиќ, доктор по хемија и професор на Факултетот за природни науки и математика од Универзитетот во Сараево и Далибор Карачиќ, докторант по хемија и математика и електрохемија на Факултетот за Хемија во Белград, во кои отсечно се негираше постоењето на графен хидрооксид. 

Но, по објавувањето на рецензијата, дополнителните проверки, како и реакцијата на читател покажа дека ова соединение, иако сосема ново, сепак постои и е изолирано, како што може да се забележи во следнава научна студија. Со оглед на ова, таквите изјави се отстранети од написот. 

Сепак, тоа не ја менува нашата оценка на рецензираната содржина, во која се тврди дека ова соединение е содржано во ковид вакцините. Нашата оценка останува и понатаму дека ова не е точно. Како што може да се види и од студијата, ова содеинение нема никаква врска со вакцини, туку се анализирало во контекст и во производи од областа на кондензатори, поконкретно електроди на кондензатори.  

Во обновената верзија во насловот на текстот и на самиот почеток од написот е наведено дека тој содржи корекција.

6. https://www.facebook.com/nmd.mk/posts/pfbid0367Rc1aCZiB2WnrAiZ9H2ea6BRE7ajwBb69gFMhjnJUoSqFuVKD7s4ZHq8youM9Dzl

Рецензијата посветена на овој пост се покажа како неточна, заради што беше отстранета. Во рецензираниот пост и напис немаше извор за постоење на врска меѓу просото и лекувањето на камен на бубрег. Вистиномер изврши екстензивни пребарувања на светски познатите медицински и болнички сајтови, пренесе изјава од лекар специјалист и покрај сè никаде не најдовме каква било врска меѓу просото и лекувањето на камен на бубгрег.  Но, по објавувањето на рецензијата ни беше доставен линк од научна студија каде што оваа врска се испитува, заради што решивме да ја повечеме рецензијата. Исто така, редакцијата на сајтот ја повикавме студиите врз кои се темелат нивните написи да бидат линкувани во самите написи. (април 2023)

 

https://vistinomer.mk/klik-bejt-naslov-prikriva-deka-poraneshen-a-ne-aktuelen-ambasador-bara-ostavka-od-zaev/

https://vistinomer.mk/falsifikuvan-navoden-stav-na-doktor-de%d1%98an-doki%d1%9c-ko%d1%98-shto-ne-e-negov-se-shiri-na-fe%d1%98sbuk/

https://vistinomer.mk/nekro-satirichen-post-dezinformira-deka-antonio-miloshoski-zaginal-vo-soobrakjajka/

https://vistinomer.mk/dodatokot-za-litsata-so-posebni-potrebi-e-zgolemen-20-otsto/