Категорија...

ПРОВЕРКА НА ФАКТИ

Објава тенденциозно и преку лажни тврдења сака погрешно да ги претстави вредностите на ЕУ

Тенденциозна медиумска објава има за цел да се омаловажи и дискредитира претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, а со тоа и вредностите на Европската Унија како заедница, да предизвика лавина негативни коментари со што се врши…

Геноцидот во Сребреница не е „наводен“ ниту е „приказна што ја форсира Дивиот Запад“

Употребата на изразот „наводен геноцид“ во објавата е форма на негирање или доведување во прашање на правно утврден историски факт. Геноцидот во Сребреница е правно утврден од Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (ICTY)…

Невакцинирањето не ги „спасува“ децата

Нема кредибилни научни докази дека ширењето на невакцинирањето ги „спасува“ децата. Напротив, достапните епидемиолошки податоци покажуваат дека падот на вакцинацијата е поврзан со враќање на болести кои можат да предизвикаат тешки…

Фотографијата на која Зеленски е во прегратка на Епстин е креирана со вештачка интелигенција

Доказ дека фотографијата на која Зеленски е во прегратка на Епстин е манипулирана е фактот што постои оригиналната фотографија од која е направена измената со вештачка интелигенција.

Нема докази дека ковид-пандемијата била лажна или дека вакцините убиле 17 милиони луѓе

Тврдењето во објавата дека ковид-пандемијата била лажна не е поткрепено со веродостојни научни докази. Особено деловите дека „немало пандемија“ и дека вакцините „убиле над 17 милиони луѓе“ се повеќепати проверени и оценети како неточни или…

Фотографија создадена со вештачка интелигенција, собира емотивни реакции на социјалните мрежи

Иако на социјалната мрежа Фејсбук постои опција да се означи кога некоја содржина што се споделува е генерирана со вештачка интелигенција, во конкретната објава такво означување не е направено, туку ознаката е на самата фотографија, потешка…

Не е точно дека сенаторот Линдзи Греам загинал од руска ракета Искандер

Не е точно наведеното во објавата дека сенаторот Греам загинал од руска ракета Искандер. Како што пишува „Асошиејтед прес“, причината за смртта на сенаторот, кој беше еден од најблиските сојузници на претседателот Доналд Трамп во Конгресот…

Објава погрешно ја претставува Прајд парадата во Лондон како регрутен центар за војната во Украина

Објавата лажно сугерира дека на снимката се гледаат британските специјални сили, дека Прајд парадата служи за регрутација на луѓе за војната во Украина и дека учесниците на парадата подоцна се испраќаат на источниот фронт. За ниту едно од…

Манипулативна објава ги искривува фактите за политиките на Русија

Објавата користи препознатлива техника на дезинформирање: неколку реални законски одлуки во Русија се претставуваат без контекст, а меѓу нив се вметнуваат целосно невистинити тврдења и непоткрепени теории на заговор.

Невистинита изјава му се атрибуира на Ротшилд за промоција на теорија на заговор

Не е точно наведеното во објавата дека изјавата „Дајте ми контрола врз парите на една нација и не ми е важно кој ги носи нејзините закони“ е на Мајер Амшел Ротшилд. Како што пишува Би-Би-Си, станува збор за антисемитска изјава којашто лажно…

ЕУ-мерките против пропагандата на руските државни медиуми не се општа цензура

Европските мерки против руски државни медиуми поради нивната улога во ширење пропаганда и дезинформации во контекст на војната во Украина се однесуваат и на бесплатни веб-страници финансирани со донации, а не само на комерцијални медиуми.…

Објава без докази ги поврзува вакцинацијата и „сатанистичкиот заговор“

Централните тврдења во објавата за вакцините, наночиповите, бројот 666 и наводниот глобален план за депопулација не се поткрепени со никакви докази и се спротивни на достапните научни и официјални информации.

Не постои „тајна клаузула“ во Договорот од Букурешт од 1913 година

Оригиналниот мировен договор од 1913 година не содржи тајна клаузула; не споменува независна Македонија по 100 години; не содржи никаква одредба поврзана со името „Македонија“ во иднина. Дополнително, самиот текст на фотографијата користи…

Измислена изјава од кошаркарка, се споделува во анти-ЛГБТ наратив

Кога „Вистиномер“ ја пребара наводната изјава на пребарувачот „Гугл“ добивме резултати токму од операција за дезинформации, и на ниеден кредибилен светски медиум не е објавена таква изјава од Софи Канингам, бидејќи станува збор за…

Нема докази дека Света Софија во Истанбул е „македонска црква“ изградена во „Македонско Царство“

Не постојат релевантни историски извори што потврдуваат дека Света Софија била изградена како „македонска црква“, дека постоела „Македонска царска патријаршија“ со седиште во неа или дека фотографијата од оловниот печат претставува доказ за…

Не е точно дека „Северна“ нелегално се употребува во земјава

Преспанскиот договор не ја условува важноста на новото уставно име со отворање преговори или членство во ЕУ. Името „Република Северна Македонија“ е во сила од влегувањето на договорот во сила во 2019 година. Единствено, за дел од старите…

Политичари и елити во Нов Зеланд не биле „изземени“ од вакцинацијата против ковид-19

Тврдењето дека политичката класа тајно се изземала себеси од вакцинацијата против ковид-19 е целосно невистинито. До крајот на 2021 година, сите 120 пратеници во Парламентот на Нов Зеланд беа целосно вакцинирани. Правилата што важеа за…

Со фотографија од наводно болно момче креирана со ВИ се мамат емотивни реакции на социјалните мрежи

Нашата проверка покажа дека не се работи за веродостојна, туку за фотографија создадена со помош на вештачка интелигенција.Тоа го потврдуваат алатките за проверка на содржини кои се креирани со помош на вештачка интелигенција.