Категорија...

Изјави

Се знае кои институции стојат зад анализите на исправноста на водата во Гостивар

Tочно е тврдењето на СДСМ дека сè уште нема оригинален лабораториски сертификат, јавно достапна официјална табела со конкретните измерени вредности за параметрите од седумте мерни места, но од друга страна, не е сосема точно дека „граѓаните…

Проблемот со трасата Требеништа-Ќафасан е поврзан со УНЕСКО, а не со домашната политика

Тврдењето на Зијадин Села (и на ДУИ) дека зад ова стојат други, политички мотиви со цел да не се развиваат патните и другите врски со Албанците од Албанија, каков што е контекстот на изјавите, е невистинито тврдење. Проблематизацијата на…

СДСМ преку Филипче директно негираше актуелни врски со Башановиќ

Владејачката партија последните денови е фокусирана на пи-ар службата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, при што партијата невистинито тврди дека од СДСМ „шест дена кукавички молчат“ и „не ја демантираат соработката со лицата Зоран Башановиќ и…

Коментарот на Шилегов за нестатутарност на одлуката за исклучување од членство е делумно точен

Според еден член во Статутот на СДСМ Шилегов е во право кога оценува за нестатутарност на одлуката на Извршниот одбор (ИО) за негово исклучување, но според други членови за овластувањата и надлежностите на Централниот одбор, на ИО и на…

Кој е поблизок до Путин и Лукашенко: Марковски, Онишченко или вицепремиерот Стоиљковиќ?

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ дека гради и градела одлични врски со руската политика на Путин и белоруската на Лукашенко, а како доказ ги посочува фактите дека сопственик на градежна компанија што е моментално под истрага, Борче Марковски е…

Темата беше странски инвестиции во 2025, а не капитални во 2026 година

Пошироката јавноста не може да ги доведе во прашање бројките за реализација на капиталните инвестиции во првите два месеца од годинава, соопштени од Министерството за финансии, ниту пак бројките околу БДП што ги лиферува Државниот завод за…

Политичарите не смеат да дефинираат кој е новинар, а уште помалку кој е професионален

Во демократските системи задача на политичарите е да ги креираат законите и другите услови кои го сочинуваат опкружувањето во кои работат медиумите и новинарите, а не да оценуваат кој е професионален новинар, а кој не. Лидерот на СДСМ…

Владата ги именува почесните конзули во странство, вклучително и Душан Адамовиќ во Република Србија

Во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ околу назначувањето на бизнисменот Душан Адамовиќ за почесен конзул на С. Македонија во Србија е премолчено дека според Законот за надворешни работи Владата, на предлог на министерот,…

Преовладување на подобност пред квалитет во изборот за државен јавен обвинител е ризик

Имајќи ја предвид  нетрпеливоста од страна на премиерот и владејачката партија кон обвинителката Ристоска - кандидатка за државен јавен обвинител - нејзиното суштинско исклучување од натамошна постапката во Владата со изјава на Мицкоски, не…

Последните шест автобуси се донација од ЕУ, а во време на Шилегов беа купени 33 нови

Како што пошироката јавност беше добро и опширно известена, последните набавени автобуси не се 5, туку шест, и не се купени, туку се донација од Европската унија. Тоа се случи во ноември 2024 година, а беа пуштени во употреба на почетокот…

Само министерот Николоски слушна од Брисел „одлични вести“ за превозниците  

Иако министерот уште пред повеќе од две недели се пофали дека добил  „одлични вести од Брисел“ за проблемот со транспортерите, па еуфорично тврдеше дека барањата се прифатени и возачите ќе се третираат како професионалци, сепак реалноста е…

Сајкоски со алиби за поплавите во Кичево: Виновно е претходното општинско раководство!

Тоа што Сајкоски се повикува на негрижата и неработењето на претходното раководство на Општина Кичево е само алиби за непреземањето навремени превентивни мерки против поплавите од страна на новото раководство, предводено од градоначалникот…

Властите отвориле истрага за запленетата марихуана во Србија уште веднаш

Според официјални тврдења Јавното обвинителство, Министерството за здравство и Министерството за внатрешни работи активно работат на утврдување факти околу детали за петте тони марихуана што при крајот на минатата недела беа запленети во…

Што со непотврдената информација дека Заев градел висококатница во Дубаи?

Недоследно е за ВМРО-ДПМНЕ како владејачка партија да комуницира со јавноста преку прашања, бидејќи ги имаат сите механизми преку власта да дадат готови одговори на сите сомневања.

Случајот во т.н. Платежна агенција, сепак е корупциски скандал поврзан со Владата

Вицепремиерот Николоски тврди дека Владата досега не е поврзана со никаков корупциски скандал, токму во време на отворена истрага и изречен притвор на директор на Агенција која работи во состав на извршната власт, а директорот го именува…

Официјалната статистика вели дека во С. Македонија живеат над 3,5 илјади Бугари

Премиерот често употребува „неколку стотици“ припадници на бугарската заедница, веројатно со цел да го истакне барањето за промена на уставот како не толку големо прашање за толку мал број луѓе. Но, ништо нема да биде погрешно и ако…

Собранието во 2022 г. ja разгледа информацијата за Францускиот предлог, но и гласаше за Заклучоци

Пратениците не расправале детално за Преговарачката рамка со ЕУ, туку за Информацијата што содржи таа преговарачка рамка доставена од Владата. Сепак, донеле и Заклучоци со кои ја задолжиле Владата да усвои преговарачка рамка со копенхашки…