Бајден не се „изгуби“ на самитот на Г7 – тој го поздравуваше падобранецот во близина

Фото: видео скриншот

Не е точно дека Бајден, за време на самитот на Г7 во Италија, во еден момент додека бил заедно со другите светски лидери, „се изгубил“, односно заминал подалеку од групата, а италијанската премиерка го вратила кај другите. Странски проверувачи на факти пишуваат дека Бајден се оддалечил на неколку чекори од групата, но за да го поздрави со „кренат палец“ падобранецот во непосредна близина на групата. Снимката емитувана споделена на Икс од страна на вишиот заменик-секретар за медиуми на Белата куќа, Ендрју Бејтс, покажува дека Бајден крева палец додека ѝ се приближува на групата падобранци во позадина

Не е точно дека Бајден, за време на самитот на Г7 во Италија, во еден момент додека бил заедно со другите светски лидери, „се изгубил“, односно заминал подалеку од групата, а италијанската премиерка го вратила кај другите. Странски проверувачи на факти пишуваат дека Бајден се оддалечил на неколку чекори од групата, но за да го поздрави со „кренат палец“ падобранецот во непосредна близина на групата. Снимката емитувана споделена на Икс од страна на вишиот заменик-секретар за медиуми на Белата куќа, Ендрју Бејтс, покажува дека Бајден крева палец додека ѝ се приближува на групата падобранци во позадина

 

 

Анализираме објава на Фејсбук која тврди дека американскиот претседател Џо Бајден, за време на самитот на Г7 во Италија, во еден момент додека бил заедно со другите светски лидери, „се изгубил“, односно заминал подалеку од групата, а италијанската премиерка го вратила кај другите.

Бајден повторно се изгуби, тој залута, а Мелони го повлече за ракав, стои во објавата.

Написот што го споделува објавата, повикувајќи се на снимки од социјалните мрежи, посочува дека Бајден се изгубил и се оддалечил од своите колеги за време на демонстрациите на скок со падобран. Мелони потоа го повлекла за ракав и го вратила кај другите светски лидери, по што Бајден видно збунет ги ставил очилата за сонце, додава написот.

Не е точно дека Бајден бесцелно талкал подалеку од група светски лидери за време на демонстрациите со падобран на самитот на Г7, пишуваат проверувачите на факти на Лид сторис. Според нив, Бајден навистина се оддалечил на неколку чекори од групата, но тоа било за да го поздрави со „кренат палец“ падобранецот во непосредна близина на групата кој ја собирал својата опрема. Падобранците Фолгор на италијанската армија скокнаа над голф-клуб во јужна Италија на првиот ден од годишниот самит, носејќи знамиња на земјите од Г7, Европската Унија и Самитот на Г7 во 2024 година, потсетува Лид сторис.

Фотографијата која ја споделува објавата што ја анализираме, а која е направена од видеоклипот објавен на социјалната мрежа Икс (26 секунда), се чини дека го прикажува Бајден како „се изгубил“, па италијанската премиерка го враќа назад кај групата.

Последниот од падобранците кој штотуку слетал на фотографијата е во преден план, но веднаш надвор од кадарот има уште неколку падобранци кои Бајден ги поздравува со палецот нагоре. На принтскринот подолу, направен во 8:58 минути на видеото објавено на Јутјуб од каналот G7 Italy 2024, може да се видат луѓето кои не се во рамките на фотографијата која ја споделува објавата. Последниот падобранец, кој влетува со знамето на Г7 Италија 2024, слетува во 9:26 часот во видеото и дури тогаш Бајден се свртува да го поздрави падобранецот во близина.

На 9:50 минути од видеото, италијанската премиерка Џорџа Мелони го насочува вниманието на Бајден кон групата, бидејќи церемонијата не била завршена.

Снимката емитувана од MSNBC и споделена на Икс од страна на вишиот заменик-секретар за медиуми на Белата куќа, Ендрју Бејтс, покажува дека Бајден крева палец додека ѝ се приближува на групата падобранци во позадина, пишува Ју-ес-еј тудеј.

Бејтс ја обвини „десничарската пропаганда“ за погрешно карактеризирање на видеото во неколку објави на Икс.

Тој му честита на еден од падобранците и покажува палец нагоре, објаснил Бејтс на Икс, пренесува Ју-ес-еј тудеј.

Значи, не е точно дека Бајден, за време на самитот на Г7 во Италија, во еден момент додека бил заедно со другите светски лидери, „се изгубил“, односно заминал подалеку од групата, а италијанската премиерка го вратила кај другите. Бајден се оддалечил на неколку чекори од групата, но за да го поздрави со „кренат палец“ падобранецот во непосредна близина на групата што не е видливо на фотографијата споделена во оваа објава на Фејсбук. Објавата е манипулативна и сака да го прикаже американскиот претседател како изгубен и сенилен, а такви обиди имало и претходно на социјалните мрежи. Поради тоа, објавата ја оценуваме како неточна.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција