Лага е дека Германија започнала легализирање на педофилијата

Фото: S. Neumann, веб сајт на Германскиот федерален парламент

Декриминализирано е дело во кое се отстранети сите кривични санкции.  Бидејќи Германија сè уште го казнува поседувањето, стекнувањето и дистрибуцијата на детска порнографија со затвор, таа не е декриминализирана. Ова целосно ги побива тврдењата дека дистрибуцијата на детска порнографија повеќе не е кривично дело во Германија.

Декриминализирано е дело во кое се отстранети сите кривични санкции.  Бидејќи Германија сè уште го казнува поседувањето, стекнувањето и дистрибуцијата на детска порнографија со затвор, таа не е декриминализирана. Ова целосно ги побива тврдењата дека дистрибуцијата на детска порнографија повеќе не е кривично дело во Германија. Дури и откако овој нов закон ќе биде усвоен со неговата намалена минимална казна, тој, сепак, ќе има подолго затворско времетраење од првичните упатства за казнување од 3 месеци до 5 години

 

Објава на Фејсбук тврди дека Германија ја легализирала педофилијата.

Првиот чекор кон легализација на #Педофилија во Германија….
А сѐ почна така невино пред 70 години….
#Феминизам и #Лгбт…
Ова иде и кај нас батиња, стои во објавата која ја анализираме.

Ова е една од низата лажни вести промовирани од веб страницата позната по ширење лажни вести, The ​​People’s Voice, (Гласот на народот), пишува сајтот Techarp.com во својата проверка на фактите.

Детската порнографија сè уште е нелегална во Германија. Поседувањето и дистрибуцијата на детска порнографија останува кривично дело во Германија. Во јули 2021 година, Германија, всушност, ја зголеми казната за дистрибуирање детска порнографија, со затворска казна од една до десет години. Претходно, осудените за ова кривичното дело се соочуваа со казна затвор од три месеци до пет години.

Меѓутоа, германската влада набрзо сфати дека минималната казна од една година е проблематична во пракса. Тоа значеше дека дури и родителите и наставниците кои ќе ги проследат овие материјали за сексуална злоупотреба на деца (CSAM) до полицијата, ќе се соочат со најмалку една година затвор, пишува Techarp.com во својата анализа.

Минималната казна од една година значеше и автоматска класификација како кривично дело, што значи дека обвинителите и судовите не можат едноставно да ги запрат постапките, како што би правеле со прекршоци. Тие ќе мора да ги гонат дури и луѓето кои пријавуваат детска порнографија.

Тоа ги натера истражителите, судовите, па дури и државните министри за правда да извршат притисок за намалување на казните.

Поради тоа, германскиот сојузен кабинет на 7 февруари 2024 година, гласаше за намалување на минималната казна, од една година на шест месеци. Ова ќе им даде на обвинителите и на судовите поголема флексибилност да го решаваат секое барање пропорционално.

Како што објасни германскиот министер за правда Марко Бушман, новата горна граница од 10 години ќе остане на сила, но ќе има нова минимална казна:

Особено, луѓето кои добиваат таков материјал неволно – на пример во контекст на група родители на WhatsApp – ризикуваат минимална казна од една година. Истото важи и за наставниците кои откриле детски порнографски материјал на мобилните телефони на учениците и го проследиле за да ги предупредат засегнатите родители, ја пренесува Techarp.com изјавата на Бушман.

На 15 мај, Комитетот за правни прашања на германскиот Парламент усвои изменета верзија на нацрт-законот со кој се бара намалување на минималните казни за ширење, стекнување и поседување детска порнографска содржина.

Минималната казна ќе биде намалена од една година затвор на три месеци за поседување и стекнување детска порнографска содржина и шест месеци за дистрибуција. Според тоа, таквите прекршоци ќе бидат класифицирани како прекршоци, а не како кривични дела, пишува Лоџикали фактс во својата анализа.

Максималните казни остануваат недопрени: до пет години за секој што шири, јавно прикажува или материјал со детска порнографија го прави пристапен; произведува, добива, снабдува, складира или увезува или извезува детска порнографија; или се обврзува да добие детска порнографија во име на друго лице. Дополнителна максимална затворска казна од десет години може да се изрече за секој кој „дејствува на комерцијална основа или како член на банда која има за цел да продолжи да врши такви прекршоци и детската порнографија репродуцира вистинска или реална активност“.

 

Дали е ова декриминализација?

Не. Дел 12 во Кривичниот законик на Германија ги дефинира кривичните дела како „незаконски дејствија што се казнуваат со минимална казна затвор од минумум една година“, а прекршоците како „незаконски дејствија што се казнуваат со помала минимална казна затвор или парична казна“. Според тоа, прекршокот е сè уште противправно дело, наведува Лоџикали фактс.

Декриминализирано е дело во кое се отстранети сите кривични санкции. Прекршокот останува незаконски, но сторителот нема да биде кривично гонет, а казната се движи од без казна до граѓанска парична казна. Бидејќи Германија сè уште го казнува поседувањето, стекнувањето и дистрибуцијата на детска порнографија со затвор, таа не е декриминализирана.

Ова целосно ги побива тврдењата дека дистрибуцијата на детска порнографија повеќе не е кривично дело во Германија, односно тоа бил првиот чекор кон легализирање на педофилијата.

Дури и откако овој нов закон ќе биде усвоен со неговата намалена минимална казна, тој сепак ќе има подолго затворско време од првичните упатства за казнување од 3 месеци до 5 години.

Поради сето погоре, објавата која ја анализираме, ја оценуваме како невистина.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција