Мета факт: Во тек е изградбата на стадион со трибини во Илинден

Фото: Photo by Blocks Fletcher on Unsplash

Во тек е ветувањето на градоначалникот Александар Георгиевски, кој во својата предизборна програма вети дека ќе изгради стадион со трибини во општина Илинден

 

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, во својата предизборна програма насловена „За Илинден гарантираме“, вети дека ќе изгради стадион со трибини во општина Илинден. Според одговорите што ги добивме од општинита, изградбата за овој проект е веќе започната, па оттаму да заклучиме дека ова ветување е во тек на реализација, иако во програмата беше наведено дека стадионот ќе биде завршен во текот на 2022-2023 година.

Изградбата на стадионот беше најавена при неговиот говор на митингот на ВМРО-ДПМНЕ на 6 октомври 2021 година, но проектот беше нагласен и во видео на Фејсбук објавено на 10 октомври истата година.

„Во Илинден ќе направиме стадион со трибини, модерни соблекувални, помошни простории и ќе се изврши комплетна реконструкција на фудбалскиот терен,“ вели Георгиевски во објавата.

Како што е наведено на страна 38 во неговата програма, проектот опфаќа поставување на систем за дренажа, реконструкција на тревна површина, изградба на нова ограда, изградба на трибини, модерни соблекувални и административни и помошни простории, а рокот за реализација е предвиден за 2022 или 2023 година.

Мета.мк исконтактира со Општина Илинден во врска со овој проект, а оттаму потврдија дека истиот е во тек на реализација.

Оттаму информираат дека реализацијата се спроведува во неколку фази, а ќе отпочне во јуни и јули годинава.

Во првата фаза бил потпишан договор за изградба на целосна реконструкција на фудбалскиот терен, изградба на соблекувални, административни и помошни простории, изградба на заштитна ограда околу стадионот и партнерно уредување.

Наредно, во втората фаза ќе се постави осветлување и ќе се градат трибините. 
Според програмата, финансиите за проектот доаѓаат од буџетот на општината и други извори.

Поради сето ова погоренаведено, заклучуваме дека ова предизборно ветување е во тек.

 

ИЗВОРИ:

Предизборна програма на градончалникот Александар Георгиевски, „За Илинден Гарантираме“ (проверено на 06.06.2024)

Официјални одговори на новинарски прашања Општина Илинден (06.06.2024)

Нетпрес.мк (06.10.2021 година): Ѓорѓиевски: Илинден ќе добие стадион, здравствен дом, дневен центар за лица со попреченост…  (проверено на 06.06.2024)

(Мета.мк)

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција