Мета факт: Во тек е изработката на мобилна апликација и веб-страница наменети за младите од Скопје

Скриншот од веб-страницата наменета за млади, „E-mladi.mk“

Aпликацијата „Смарт Скопје“ веќе ја има на „Епл Стор“ (за Ајфон телефони), но не и на „Плеј Стор“ (за Андроид телефони). Искреирана е и веб-страницата e-mladi.mk, но во тек е постапка на интеграција, по што истата ќе почне да се полни со содржини

 

Градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска, во својата предизборна програма насловена како „Програма за модерно Скопје“, вети дека ќе биде обезбедена апликација, преку која младите ќе се информираат за настани и услуги од нивен интерес. Според одговорите што ги добивме од градските власти, овој проект е во реализација, по што може да се заклучи дека ова ветување е во тек на реализација.

Имено, како што е наведено на стр. 39 во програмата, „Е-млади“ подразбира изработка на специјално дизајнирана апликација, со помош на која младите ќе бидат информирани за настани, услуги и други корисни информации наменети за нив.

„Е- МЛАДИ – Со еден клик секој млад човек од Скопје треба да биде во можност да ја добие информацијата која му е потребна. Независно дали се работи за услуги кои ги нуди градот или пак настани кои се организираат, како и корисни информации – сѐ треба да биде лесно достапно за младиот човек. На специјално дизајнирана апликација за мобилни телефони, како и на веб-страница, Градот ќе ги постави сите корисни содржини за младите луѓе“, пишува во програмата.

Мета.мк исконтактира со Град Скопје во врска со ова ветување. Оттаму ни одговорија дека проектот е во реализација.

Од „Програмата за модерно Скопје“ во реализација е проектот „Е-млади“. Поточно, изработена е специјално дизајнирана веб-страница, која се поврзува со специјализираната апликација „Смарт Скопје“, со помош на која младите ќе можат да се информираат за идни, тековни и минати настани, услуги, иницијативи, јавни повици и други корисни информации кои се наменети за нив. Страницата е изработена од град Скопје, годишните трошоци за хостирање на истата се околу 3.600 денари, додека одржувањето на истата ќе го прави град Скопје без дополнителни трошоци, пишува во одговорите кои ги добивме од градските власти.

Инаку апликацијата „Смарт Скопје“ веќе ја има на „Епл Стор“ (за Ајфон телефони), но не и на „Плеј Стор“ (за Андроид телефони). Искреирана е и веб-страницата e-mladi.mk, но во тек е постапка на интеграција, по што истата ќе почне да се полни со содржини.

Апликацијата на „Епстор“ е „Smart Skopje“, а веб-страницата e-mladi.mk е во постапка на интеграција, по што ќе следува промоција и полнење на содржини, додаваат во град Скопје.

Врз основа на одговорите до кои дојде Мета.мк, може да се заклучи дека исполнувањето на ветувањето за реализација на проектот „Е-млади“, е во тек.

 

ИЗВОРИ:

Предизборна програма на градончалничката Данела Арсовска, „Програма за модерно Скопје“, (проверено на 03.06.2024)

Официјални одговори на новинарски прашања, Град Скопје (03.06.2024)

(Mета.мк)

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција