Мицковски не кажал дека приоритет ќе му биде гасоводот со Србија

Фото: vlada.mk

Иако Христијан Мицковски зборувал за дополнителни интраконектори кон централна и централно-источна Европа, сепак од тоа не може да се изведе заклучок дека  кажал оти приоритет на Владата ќе биде поврзување со гасоводот во Србија. Ова тврдење е неточно. Пребарувањата на медиумските написи како и говорите и обраќањата на Мицковски не даваат резултати дека тој после изборите воопшто зборувал за поврзување со гасоводот во Србија, а уште помалку дека тоа ќе биде приоритет на новата Влада.

 

Иако Христијан Мицковски зборувал за дополнителни интраконектори кон централна и централно-источна Европа, сепак од тоа не може да се изведе заклучок дека  кажал оти приоритет на Владата ќе биде поврзување со гасоводот во Србија. Ова тврдење е неточно. Пребарувањата на медиумските написи, како и говорите и обраќањата на Мицковски не даваат резултати дека тој после изборите воопшто зборувал за поврзување со гасоводот во Србија, а уште помалку дека тоа ќе биде приоритет на новата Влада

 

 

Објава на социјалната мрежа Тредс тврди дека мандатарот за новата влада и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, рекол дека дава приоритет на поврзување со гасоводите во Србија. Ова не е вистина.

МИЦКО ПРИОРИТЕТ ДАВА НА ПОВРЗУВАЊЕ СО ГАЗОВИДИТЕ ВО СРБИЈА (ЧИТАЈ РУСИЈА), А АМЕРИКАНСКАТА АБАСАДОРКА И ЕУ АМБАСАДОРОТ ВО РСМ ЈАСНИ – ПРЕДНОСТ ДА ИМА ПОВРЗУВАЊЕТО СО ГРЦИЈА (ЕУ) ЗА ДА СЕ ОБЕЗБЕДИ НАТО БЕЗБЕДНОСТА!, пишува во објавата.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и нов премиер, Христијан Мицкоски, присуствуваше на Македонскиот енергетски форум, настан кој се одржува од 2018 година и на кој експерти и засегнати страни дискутираат за различни теми поврзани со енергетиката.

Објавата којашто е предмет на оваа рецензија, споделува фотографија која е исечок од новинарски прилог од обраќањето на Мицкоски на овој форум и тврди дека тој рекол дека приоритет дава на поврзување со гасоводите во Србија, односно Русија. Во објавата, исто така, се тврди дека американската амбасадорка изјавила дека предност треба да има поврзувањето со Грција. Првото тврдење е невистинито, второто е вистинито.

Мицкоски, во говорот на отворањето на Македонско енергетскиот форум кој  се одржа неодамна, не кажа дека приоритет ќе му биде гасоводот со Србија, ниту пак, во настапот воопшто го спомна овој гасовод. Тој сепак зборувал за приоритети и напоменал дека за новата Влада тоа ќе биде енергетската ефикасност, но и дека завршувањето на грчко-македонскиот гасовод нема да ја комплетира сликата без дополнителни интерконектори кон централна и централно-источна Европа.

Според Мицкоски, паралелно со енергетската транзиција, земјава ќе мора да ги има предвид и социјалните аспекти, а ќе мора да се грижи и за загревањето, зашто и загадувањето треба да биде меѓу клучните приоритети.

Можеби сме мали, меѓутоа сме важни кога станува збор за припојувањето со соседните земји и пазари, па често велам дека многу важен дел сме во однос на енергетската мрежа во овој дел во светот. Нашиот најголем приоритет во иднина ќе биде да ги балансираме енергетското тргување, од една страна, зашто тековно сме земја која увезува, и да креираме одржливи решенија, од друга страна, да го реорганизираме нашиот пазар на електрична енергија, па наместо да увезуваме, да извезуваме струја. Тоа ќе го избалансира нашето портфолио и ќе придонесе за раст на домашниот производ и за поддршка на економијата, рекол Мицковски.

Иако тој зборувал за дополнителни интраконектори кон централна и централно-источна Европа, сепак од тоа не може да се изведе заклучок дека кажал оти приоритет на Владата ќе биде поврзување со гасоводот во Србија. Ова тврдење е неточно. Пребарувањата на медиумските написи, како и говорите и обраќањата на Мицковски не даваат резултати дека тој после изборите воопшто зборувал за поврзување со гасоводот во Србија, а уште помалку дека тоа ќе биде приоритет на новата Влада.

Од друга страна, пак, тврдењето дека американската амбасадорка Анџела Агелер дека предност треба да има поврзувањето со гасоводот во Грција е вистина. Таа на истиот настан оцени дека земјава треба да го заврши грчко-македонскиот гасовод кој ќе ги елиминира, како што рече, зависноста од Русија и заканите на одредени прекини во снабдувањето.

Со интерконекторот Северна Македонија ќе може да гради централи со погон на гас и да ја олесни транзицијата од јаглен кон други извори, потенцирала Агелер, потсетувајќи дека земјава ја има поддршката од САД за спроведување на зелената транзиција.

Бидејќи Мицковски не кажал дека приоритет дава на поврзување со гасоводите во Србија, ниту пак, зборувал за тоа, оваа објава ја оценуваме како делумно невистинита.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција