Не е вистина дека Камала Харис била на забавите на Шон Диди Комбс

Фото: Принтскрин

Не е точно дека кандидатката за претседател на САД Камала Харис на било кој начин е поврзана со Диди, не е фотографирана на неговите забави, ниту пак нејзината кариера „така почнала“ како што невистинито се тврди во објавата што ја рецензираме. Во 1990 година Харис почнува да работи како јавен обвинител и во својата кариера до 2011 година стигнала до функцијата главен јавен обвинител на Калифорнија како прва жена, афроамериканска и јужноазиско-американска личност на таа функција.

Не е точно дека кандидатката за претседател на САД, Камала Харис, на било кој начин е поврзана со Диди, не е фотографирана на неговите забави, ниту, пак, нејзината кариера „така почнала“ како што невистинито се тврди во објавата што ја рецензираме. Во 1990 година Харис почнува да работи како јавен обвинител и до 2011 година стигнала до функцијата главен јавен обвинител на Калифорнија како прва жена, афроамериканска и јужноазиско-американска личност на таа функција

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува фотографија од раперот Шон Диди Комбс и видео материјал на кој е кандидатката за претседател на САД Камала Харис, заедно со уште едно машко лице и едно женско лице. Во објавата пишува:

18.09.2024 Кандидатот за претседател на САД,Камала. Никогаш не заборавајте како Камала Харис го започна својот почеток. Таа не е изоставена ниту на забавите на Диди во Л.А.
Како што пишуваат проверувачите на факти на Франс Прес, на фотографијата Камала Харис не позира до Шон Диди Комбс. Инаку, таа фотографија е од истиот настан како и видеото од објавата што ја рецензираме, и тоа лесно може да се потврди поради облеката што ја носат присутните и позадината со банерите.
Инаку, раперот Шон Диди Комбс е обвинет за трговија за сексуална експлоатација, рекет и трговија со луѓе. На видео материјалот од објавата која ја рецензираме, а кој датира од 2001 година, Харис е во придружба на водителот Монтел Вилијамс со кого таа била во кратка врска.
И самиот Монтел Вилијамс се спротистави на дезинформациската кампања против Камала Харис во која тој е погрешно претставен како да е Диди.
Јас и Камала Харис кратко бевме во врска пред околу 20 години кога двајцата бевме слободни. Па што? Имам огромна почит за сенатор Харис. Се прашувам дали истите приказни за нејзината историја на партнери би била споделувана ако таа беше кандидат маж, напиша тој на Твитер во 2019 година. 
Не постои никаква врска меѓу Камала Харис и раперот Шон Диди Комбс.
Оваа дезинформациска кампања против Харис не случајно го користи минатото на Шон Комс. Според обвинението, тој злоупотребувал, се заканувал и принудувал други на несакани сексуални активности, а потоа ги принудувал да го прикриваат неговото однесување поради заштита на неговиот углед.
Обвинет е и дека создал криминално здружение чии членови и соработници се вклучиле во бројни кривични дела, како трговија со луѓе, принудна работа, киднапирање, палење, поткуп и попречување на правдата.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина. Не е точно дека кандидатката за претседател на САД Камала Харис, е на било кој начин поврзана со Диди, не е фотографирана на неговите забави, ниту пак „така почнала“ нејзината кариера како што невистинито се тврди во оваа објава.
Во 1990 година Харис почнува да работи како јавен обвинител и до 2011 година стигнала до функцијата главен јавен обвинител на Калифорнија како прва жена, афроамериканска и јужноазиско-американска личност на таа функција. Нејзината политичка кариера е долга и богата, а може да се проследи детално на овој линк.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција