Објава без никакви факти тврди дека руски хакери предизвикале колапс на регионалната електрична мрежа

Фото: Anna Ventura auf Pixabay

Според првичните информации, зголемената потрошувачка на електрична енергија и екстремно високите температури предизвикале дефекти на интерконекциската линија со Грција, што било причина голем дел од градовите во Албанија, Црна Гора, Хрватска и БиХ да останат без струја. Причините за оваа хаварија дополнително ќе ги истражува Европската мрежа на оператори на преносни системи ЕНТСО-Е. Но никаде во првичните извештаи не беа спомнати никакви хакери.. Наспроти тврдењето во објавата, нема никакви докази дека руски хакери спровеле показна вежба и предизвикале колапс на електричната мрежа во регионот

Според првичните информации, зголемената потрошувачка на електрична енергија и екстремно високите температури предизвикале дефекти на интерконекциската линија со Грција, што било причина голем дел од градовите во Албанија, Црна Гора, Хрватска и БиХ да останат без струја. Причините за оваа хаварија дополнително ќе ги истражува Европската мрежа на оператори на преносни системи ЕНТСО-Е. Но никаде во првичните извештаи не беа спомнати никакви хакери, а најмалку руски. Наспроти тврдењето во објавата, нема никакви докази дека руски хакери спровеле показна вежба и предизвикале колапс на електричната мрежа во регионот

 

 

Објава на Фејсбук тврди дека руски хакери билe одговорни за колапсот на регионалната електрична мрежа кој се случи на 21 јуни 2024 година.

Руските хакери за почеток направија добра показна вежба со струјата, стои во објавата.

На 21 јуни 2024 година, како што објавија медиумите, голем број на градови во Босна и Херцеговина, Црна Гора, дел од Хрватска и Албанија останаа без струја.

Операторот на преносниот систем во Албанија соопшти дека до прекин на електричната енергија дошло поради големиот обем на потрошувачката, како и екстремно високите температури кои предизвикале дефекти на интерконекциската линија со Грција.

Хаваријата започна од интерконективната линија со Грција, а потоа продолжи каскадно низ целата земја. Се преземаат мерки за враќање на електричната енергија на сите потрошувачи, изјавија од преносниот систем оператор во Албанија, пренесе „360 степени“.

Министерката за енергетика во Албанија Белинда Балуку, како што јави „Слободен печат“, изјави дека ќе треба да се спроведе целосна истрага што ќе одземе подолго време, но првичните анализи покажуваат дека големите количества електрична енергија во преносниот систем и многу високите температури биле причинител на хаваријата.

Како што јави Ројтерс, црногорскиот министер за енергетика изјавил дека прекинот бил предизвикан од наглото зголемување на потрошувачката на струја поради високите температури, но и од самата топлина. Системите за дистрибуција на електрична енергија се поврзани во земјите ширум Балканот, потсети Ројтерс, пренесе Макфакс.

Дефектот настана како резултат на големо оптоварување на мрежата, нагло зголемување на потрошувачката на електрична енергија поради високата температура и самите високи температури, изјави црногорскиот министер за енергетика Саша Мујовиќ во телевизиски пренос, јави Макфакс.

Европската мрежа на оператори на преносни системи ЕНТСО-Е го истражува инцидентот што се случи во дел од системот за снабдување со електрична енергија во Југоисточна Европа, беше објавено  на страницата „ENTSO-E“.

Во соопштението се наведува дека инцидентот се случил во Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и делумно во Хрватска.

Загрозените оператори на мрежни системи, со поддршка од соседните оператори, по речиси два часа воспоставија нормален проток на напон со цел да го намалат влијанието на проблемот врз потрошувачите, се наведува во соопштението кое  го пренесе Мета.

„ЕНТСО-Е“ работи на прибирање технички податоци за прекинот на струја од засегнатите оператори и во најкраток можен рок ќе објави дополнителни информации, беше додадено во соопштението.

Значи, според сите информации, зголемената потрошувачка на електрична енергија и екстремно високите температури предизвикале дефекти на интерконекциската линија со Грција, што било причина голем дел од градовите во Албанија, Црна Гора, Хрватска и БиХ да останат без струја. Причините за оваа хаварија дополнително ќе ги истражува Европската мрежа на оператори на преносни системи ЕНТСО-Е. Никаде во првичните извештаи не беа спомнати никакви хакери, а најмалку руски. Нема никакви докази дека руски хакери спровеле показна вежба и предизвикале колапс на електричната мрежа во регионот, како што тврди објавата која ја анализираме. Поради тоа, истата ја оценуваме како невистина.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција