Полски анти ЛГБТИ+ „бестселер“ чиј автор не може да се пронајде, нов генератор на омраза

Фото: колаж создаден во Canva

Во пресрет на сите настани во месецот на гордоста, како и самата парадата на гордоста, полските колеги од Прада рецензираа „бестселер“ под името „Реториките на ЛГБТ движењето низ призмата на научните факти“. Околностите околу авторот се сомнителни. Не може да се потврди дали постои или не, дали е псевдоним, ниту дали е само еден писател. Од друга страна, издавачката куќа експлицитно објаснуваат дека им се уништува културата и дека „не се согласуваме со цензура на медицинските факти од страна на девијанти“. Со тоа што во минатите години кај нас имало документирани случаи на говор на омраза и други инциденти, оваа книга може да претставува нов вектор на анти-ЛГБТИ+ пропаганда

Во пресрет на сите настани во „месецот на гордоста“, како и самата Парадата на гордоста, полските колеги од Правда рецензираа „бестселер“ под името „Реториките на ЛГБТ движењето низ призмата на научните факти“. Околностите околу авторот се сомнителни. Не може да се потврди дали постои или не, дали е псевдоним, ниту дали е само еден писател. Од друга страна, од издавачката куќа експлицитно објаснуваат дека им се уништувала културата и велат „не се согласуваме со цензура на медицинските факти од страна на девијанти“. Несомнено, оваа книга може да претставува нов вектор на анти ЛГБТИ+ пропаганда

 

Пишува: Матеј Тројачанец

 

Јуни, прогласен како месец на гордоста, е посветен на прославата и комеморацијата на гордоста на лезбејките, хомосексуалците, бисексуалците и трансродовите лица. Како подготовка за сите прослави што следуваат во рамки на овој месец, колегите од полската организација што се занимава со дезинформации Правда, рецензираа „бестселер“ под името „Реториките на ЛГБТ движењето низ призмата на научните факти“. Но, главниот проблем е тоа што писателот не постои, како што пишуваат од Правда, а порката е многу јасна

Фото: скриншот од корицата на книгата

Tема во „бестселерот“

Од единственото поглавје што е јавно достапно од книгата, јасна е нејзината цел: да испровоцира некаква реакција од ЛГБТИ+ заедницата и да шири анти-ЛГБТИ+ сентимент, затскриен во „здраворазумна“ аргументација, наводно базирана на факти и наука. 

Централниот аргумент на ова поглавје е тоа дека не може да се каже дека хомосексуалноста е природна само затоа што некои животни покажуваат некакви форми на хомосексуалност. Таквите аргументи се логички замки познати како „повикување кон природата“, односно аргументи кои се залагаат за нешто само бидејќи истото е „природно“.

„Активистите на ЛГБТ движењето користат човечки категории, базирани на свесен и морален избор, и ги сместуваат во животинскиот свет, каде овие категории не постојат“, пишува во поглавјето.

На прв поглед, ваквиот аргумент може и да делува разумен, доколку не се знае задната намера на текстот. 

Првиот проблем со аргументот е тоа што религиските институции, кралствата, владите и нациите со векови беа оние кои велеле или велат дека хомосексуалноста е „неприродна“. Затоа, како одговор на тие обвиненија, се користи контра-аргументот дека хомосексуалноста всушност е „природна“, бидејќи е присутна и во животинското царство – токму како одговор на првичниот напад. Второ, иако до некој степен е точно наведеното во извадокот погоре, овој аргумент ќе беше валиден доколку истиот беше дел од дебата каде се обработува проблематиката на задавање човекови карактеристики на животни, а не дали на одредена малцинска или загрозена популација треба да им се гарантираат основните човекови права и да се почитува различноста кај луѓето од ЛГБТИ+ заедницата. 

Дополнително, експерти од приматологијата, еволуциската биологија, компаративната психологија и останати гранки кои се посветени на истражување на широкиот спектар на однесувања кај животните, се согласуваат дека „хомосексуалност“ можеби и не е најпрецизниот термин воопшто да се користи за животните, туку терминот „исто-полови сексуални однесувања“. Но, тоа не значи дека истите тие однесувања не постојат, ниту пак, да се третира човековата хомосексуалност како помалку валидна и било што како едно типично однесување од широката лепеза на однесувања. Заклучно, бидејќи книгата е посветена на ширење анти-ЛГБТИ+ сентимент, не може поинаку да се интерпретира, освен како дело што намерно шири хомофобија.

 

Фантомскиот автор

Како што пишуваат колегите од Правда, како авторот на книгата е потпишан Виктор Григориевич Лисов, доктор по медицина и медицински науки. Но, трагајќи по некои негови трудови или останати текстови, тие не можеле да најдат никакви публикации или дисертации надвор од книгата, а слична е ситуацијата и на прелистувачот на научни трудови, Гугл Сколар. 

Неговиот онлајн профил покажува дека „истражувачот“ е поврзан, меѓу другото, со „Deutsches Institut für Jugend und Gesellschaft“, институт кој се занимава со терапии за конверзија за квир луѓе. Интересно, самата организација негираше дека Виктор Лисов е нивен вработенпишуваат од Правда.

Не само тоа, туку и на руската верзија на Википедија пишува дека Лисов е „мистериозна личност, икона на руските борци против ЛГБТИ+ луѓето“.

Томаш Гжегож Стала, основач на издавачката куќа „3DOM“, само изјави дека писателот сака да остане анонимен и дека неговата компанија ќе вложи максимални напори за никој да не го знае неговото вистинско име и место на работа. Конрад Смуњевски, кој наводно помогнал да се објави книгата на полскиот пазар, одговори дека „Реториката на ЛГБТИ+ движењето во светлината на научните факти“ е колективно дело објавено под псевдоним. Кој е тогаш во право?прашуваат во рецензијата на Правда.

Дополнително, од Правда наоѓаат дека Виктор Лисов е член на руската организација Наука за вистината, чија мисија е „да ги шири фактите кои намерно се чуваат во тајност од лидерите на ЛГБТ движењето“. Од Глобалниот проект против омраза и екстремизам велат дека Наука за Вистината се руска анти-ЛГБТИ+група којашто шири лаги за „терапија на конверзија“ и сее на страв од „геј револуција“ на глобално ниво. А, нивната „прилично мистериозна руска веб-страница“ управувана од група, е главен вектор ширум светот за лаги за ЛГБТК+ заедницата.

 

Која е издавачката куќа? 

Последното парче од сложувалката е издавачката куќа којашто ја продава оваа книга, „3DOM Publishing House“. На својот сајт, тие пишуваат дека се предводат од три вредност: слобода, традиција и Католицизам. На веб страницата од издавачката куќа пишуваат многу јасно и прецизно зошто решиле да ја побликуваат оваа книга:

Не се согласуваме со уништување на нашата култура!

Решивме да ја преведеме и објавиме оваа книга затоа што не се согласуваме со цензура на медицинските факти од страна на девијанти! Луѓето од ЛГБТИ+ заедницата ги наметнуваат своите ставови и ги доведуваат во заблуда луѓето – додека луѓето без пристап до стручна литература не се во можност да ги потврдат своите зборови на кој било начин. На овој начин, овие средини внесуваат заостанатост, што може да доведе до слабеење, па дури и до уништување на цивилизацијата изградена низ вековите! Дегенериците нè принудуваат да се вратиме во предкултурните времиња и, како резултат на тоа, тие се обидуваат да го претворат општеството во заедница на примитивци лишена од развиена култура и идентитет.

Експлицитно се наведува дека токму заради одбрана на традиционалните вредности и наводната „цензура на медицинските факти од страна на девијанти“ било одлучено да се објави серијалот книги „Реторика…“

На страна од книгата во фокусот на овој текст, како што бележат од Правда, меѓу другите книги може да се најдат и „Запознајте го Евреинот“ од Теодор Јеске и романот „Дневниците на Тарнер“ од Ендрју Мекдоналд (Вилијам Лутер Пирс). Историчарката Јоана Михлик го опишува Јеске како „еден од водечките теоретичари и експоненти на антисемитизмот во Полска“ во својата книга „Заканувачкото Друго на Полска: Сликата на Евреинот од 1880 година до Денес“.

Американското Федералното Биро за Истрага (Еф-Би-Ај или „FBI“), го дава најсоодветниот опис за „Дневниците на Тарнер“ кога оценуваат дека е „библијата на расистичката десница“ затоа што е напишана од нео-нацист, радикален десничар, расист и заговорник за супериорноста на белата раса. Напишана под псевдонимот Вилијам Лутер Пирс, Мекдоналд ја самообјавува оваа книга по што истата станува како своевиден прирачник за екстремизам. Бидејќи наративот е испреплетен со некои од историските настани, книгата кулуминира со пуч против американската влада. Затоа, нужно, оваа книга повторно беше тема на расправии по нападот на американскиот Капитол на шестти јануари 2020 година. Поточно, откога Амазон трговскиот гигант ja забрани продажбата на истата. 

Она што може да се заклучи е дека од издавачката куќа не се плашат да публикуваат радикални книги што се наменети да промовираат и шират нетолеранција и омраза. 

 

Фото: преземено од официјална Фејсбук страна на Скопје Прајд

Книгата во контекст на С. Македонија

Како што беше веќе споменато, јуни е месец на гордост. Тоа значи дека покрај Парадата на Гордоста, што ќе се одржи на 22 јуни, ќе бидат одржани уште редица други настани од Скопје Прајд Викенд. Токму заради сите случувања, неизбежно е повторно да има напади и говор на омараза кон индивидуи и цела ЛГБТИ+ заедница. Доказ за тоа е фактот што во пресрет на претходните паради на гордост од Хелсиншкиот комитет за човекови права бележеа пораст до 31 отсто во говорот на омраза и хомофобијата, па од тука, може да се очекуваат повторно вакви бранови. А, како дополнително гориво за ширење омраза може да се искористат аргументите од оваа книга.

 

 

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција