Во Индонезија не се појавил џиновски октопод, фотографијата е плод на вештачка интелигенција

Фото: Принтскрин ФБ пост

Фотографијата не е реална, таа е креирана со помош на вештачка интелигенција, што значи дека не е вистина оти на брегот на Индонезија се појавил џиновски октопод

Фотографијата не е реална, таа е креирана со помош на вештачка интелигенција, што значи дека не е вистина оти на брегот на Индонезија се појавил џиновски октопод

 

 

Анализираме објава на Фејсбук која тврди дека џиновски октопод се појавил на брегот на Бали, Индонезија.

Луѓето кои велат дека пространоста на океанот е пострашна од вселената, се во право. Џиновски октопод се појави на брегот на Бали, Индонезија. 4 јуни 2024 година, стои во објавата која споделува и фотографија од наводниот џиновски октопод.

Проверката на Вистиномер откри дека сликата е создадена со помош на вештачка интелигенција (ВИ). Ја пребаравме фотографијата на Гугл и откривме дека таа била споделена на Инстаграм од корисник на сметка наречена „best_of_ai_“, кој себеси се опишува како „Дигитален креатор“. Фотографијата носи наслов  „Тагувањето на титаните“. Притоа, се раскажува приказна за која најдоле пишува дека е фикција, односно измислена.

Овој профил на Инстаграм содржи серија фотографии генерирани со вештачка интелигенција, за кои е видливо дека сите се вештачки создадени, нагласувајќи го експериментирањето на креаторот со различни технологии, теми и стилови на вештачка интелигенција, особено фокусирајќи се на генерирање слики од чудовишта.

Вистиномер ја искористи и алатката HIVE за да ја анализира фотографијата и утврди дека постои 99,9% веројатност дека е генерирана од вештачка интелигенција.

Од сето погоре можеме да заклучиме дека фотографијата не е реална, таа е креирана со помош на вештачка интелигенција, што значи дека не е вистина оти на брегот на Индонезија се појавил џиновски октопод. Поради тоа, објавата ја оценуваме како неточна.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција