„Пандора“ не продава белегзии за 125 денари, станува збор за измама
Единственото сигурно е дека нема да добиете Пандора нараквица за 125 денари, со оглед на тоа што страницата на Фејсбук не е официјалната на Пандора, цената од 125 денари е многу пониска од оригиналната цена на нараквиците, а на лажната Фејсбук страница се злоупотребени логото и брендот на Пандора
Единственото сигурно е дека нема да добиете Пандора нараквица за 125 денари, со оглед на тоа што страницата на Фејсбук не е официјалната на Пандора, цената од 125 денари е многу пониска од оригиналната цена на нараквиците, а на лажната Фејсбук страница се злоупотребени логото и брендот на Пандора
Рецензираме Фејсбук објава споделена на страница со наслов „Pandora North Macedonia” која е невистинита и претставува измама насочена кон корисниците на социјалните мрежи со цел да им се изнудат финансиски средства преку манипулативен маркетинг.
Во објавата се прави обид да се рекламира наводно дека познатата компанија за накит Пандора, по исклучително ниска цена „продава белегзии за 125 денари“.
Белегзија PANDORA за 125 MKD.Компанијата започна нова програма за лојалност на клиенти во Македонија и продава белегзии за само 125 MKD. Ограничена распродажба: останати се 203 белегзии од 700. Направете нарачка, пишува во објавата што ја рецензираме.
Никогаш не оставајте лични податоци и не плаќајте за да добиете награда. Во последно време, на социјалната мрежа Фејсбук со злоупотреба на брендови на познати продавачи, со злоупотреба на нивните бренд, лого, фотографии и имиџ, се измамуваат граѓани да уплаќаат суми на пари за да „добијат награда“ нешто што не е официјално спонзорирано од страна на овие брендови, ниту пак, тие имаат учество во наградните игри.
Опасноста освен во тоа што ќе платите за нешто што нема да го добиете, е и во тоа што не знаете потоа како ќе ви бидат искористени или (зло)употребени личните и банкарските податоци.
Поради сите горенаведени факти објавата ја оценуваме како невистинита.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар