Ковид 19 постои, а вакцините не се генетска терапија

Фото: Сарс-Ков2/сајт на CDC/САД

Манипулација е да се поврзува една лекарка без диплома со корона вирусот и вакцините. Авторот на објавата тврди дека илјадници лекари ги убедувале граѓаните за корона вирусот и да се вакцинираат со генска терапија. Станува збор за дезинформација зашто корона вирусот постои и зашто анти-ковид вакцините немаат врска со генетска терапија, односно не влијаат врз генетскиот систем кај луѓето

Манипулација е да се поврзува една лекарка без диплома со корона вирусот и вакцините. Авторот на објавата тврди дека илјадници лекари ги убедувале граѓаните за корона вирусот и да се вакцинираат со генска терапија. Станува збор за дезинформација зашто корона вирусот постои и зашто анти-ковид вакцините немаат врска со генетска терапија, односно не влијаат врз генетскиот систем кај луѓето

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која авторот, откриената лекарка без диплома од Гевгелија, ја поврзува со неукост на лекарите, тврдејќи дека не постои ковид, а лекарите ги убедувале граѓаните да се вакцинираат со генетска терапија.

Во објавата стои:

Седум години докторка лечела луѓе без диплома а 7000 доктори не убедуваа не убедуваа дека постои ковид и мораме да се вакцинираме со генска терапија. Ова докторите појма немаат препишувачи.

Станува збор за манипулација со вистината, односно дезинформација. Тоа што неодамна е откриена една докторка без диплома во земјава, нема никакви допирни точки со ковид вирусот, кој што е реалност и кој што сè уште постои и е активен.

Коронавирусот SARS-CoV-2, што ја предизвикува болеста ковид-19, беше идентификуван од кинеските власти на 7 јануари 2020 година, по што беше изолиран неговиот генетски материјал РНК, а тоа го потврди СЗО. Наспроти тврдењето во постот дека коронавирусот е измислен, ковид-19 постои, за што говорат бројките на заболени и починати од вирусот во изминативе години.

Коронавирусите се големо семејство на вируси познати на науката. Тие предизвикуваат болести кои варираат од обична настинка до посериозни состојби како Блискоисточен респираторен синдром м (MERS-CoV) и Тежок акутен респираторен синдром (SARS-CoV). Новиот коронавирус (ковид-19) за првпат се појави во Вухан, Кина, во 2019 година и тој претходно не беше регистриран кај луѓето. Од кинеските власти беше идентификуван на 7 јануари 2020 година, по што беше изолиран неговиот генетски материјал РНК, тоа го потврди Светска здравствена организација (СЗО).

Дека Ковид вирусот постои и сè уште одзема животи говори и последниот Извештај на СЗО, објавен на 17 септември годинава.

На глобално ниво, во текот на 28-дневниот период од 22 јули до 18 август 2024 година, 91 земја пријавиле случаи на СОВИД-19, и 35 земји пријавија смртни случаи од СОВИД-19. Ова не го одразува реалниот број на земји каде се случуваат случаи или смртни случаи, бидејќи многу земји ја прекинаа или ја променија фреквенцијата на известување. Од расположливите податоци, бројот на пријавени случаи и смртни случаи се зголемени во текот на 28-дневниот период, со над 238.000 нови случаи и околу 4.400 нови смртни случаи, што претставува зголемување од 23% и 44%, соодветно, во споредба со претходните 28 дена (24 јуни до 21 јули 2024 година), стои во последниот Извештај на СЗО.

Вистиномер повеќе пати пишувал за теориите на заговор поврзани со Ковид пандемијата.

 

Вакцините против корона вирусот не се генска терапија

Повеќе светски сервиси за проверка на факти многу пати објавиле факти со кои потврдуваат дека вакцините против корона вирусот не се генска терапија.

Генската терапија не се користи во развојот на вакцините против ковид-19, бидејќи овие вакцини не ги заменуваат и не ги менуваат човечките гени.

На оваа тема пишуваше и Вистиномер. Во врска со тврдењето дека вакцината е генетска, од досега презентираните официјални факти, познато е дека вакцините против ковид не се генетска терапија, затоа што не се дизајнирани на ниеден начин да ги променат вашите гени.

И Центарот за контрола и превенција на болести на САД, официјално потврди дека вакцината против ковид не влегува во интеракција со нашата ДНК на каков било начин:

мРНК никогаш не влегува во јадрото на клетката каде се чува генетскиот материјал. Клетката го разградува и се ослободува од мРНК веднаш по завршувањето на користењето на инструкциите.

Поради горенаведените факти оваа објава ја оценуваме како дезинформација, односно тврдењето во објавата како невистина.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција