Дејвид Гир во Топ Тема за предизвиците со дезинформациите пред европарламентарните избори

Фото: скриншот од емисијата на Топ Тема

„Дезинформации, лажни, негативни и поларизирачки вести ја поткопуваат довербата на јавноста во демократските процеси и кредибилноста на самите избори“ истакна евроамбасадорот Гир во вчерашното издание на Топ Тема. Иако парламентарните избори завршија точно пред еден месец, заедно со Симонида Кацарска и Зоран Нечев зборуваа за претстојните европарламентарни избори и како може тие да се одразат на проширувањето на Унијата. Тоа е тема што нужно е од голем интерес за иднината на нашата држава

„Дезинформации, лажни, негативни и поларизирачки вести ја поткопуваат довербата на јавноста во демократските процеси и кредибилноста на самите избори“ истакна евроамбасадорот Гир во вчерашното издание на Топ Тема. Иако парламентарните избори завршија точно пред еден месец, заедно со Симонида Кацарска и Зоран Нечев зборуваа за претстојните европарламентарни избори и како може тие да се одразат на проширувањето на Унијата. Тоа е тема што нужно е од голем интерес за иднината на нашата држава

 

Во вчерашното издание на Топ Тема евроамбасадорот Дејвид Гир и експертите Симонида Кацарска и Зоран Нечев зборуваа за претстојните европарламентарни избори и како може тие да се одразат на проширувањето на Унијата. Меѓу другите теми кои се споменаа, евроамбасадорот ги истакна заедничките предизвици околу изборите со кои се соочуваат земјите членки на ЕУ, но и сите држави во оваа т.н. „супер изборна година“. Поточно, предизвиците околу дезинформациите.

Фото: Infographic: 2024: The Super Election Year | Statista

Зборувајќи за лажните вест и дезинформациите, Гир забележа:

Вистински предизвик се, и видовме не само од про-руски извори, обиди да се влијае на јавност преку дезинформации, преплавување на информацискиот простор со лажни вести, негативни и поларизирачки вести што ја поткопуваат довербата на јавноста во демократските процеси и кредибилноста на самите избори. Значи, ова се вистински предизвици и тие се навистина водени од Москва и други [играчи].

Како што беше забележано во претходна анализа на Вистиномер, највисоката стапка на дезинформации од вкупната бројка на откриените лажни вести се околу Европската Унија. Анализата се базира на истрагата од Европската мрежа за борба против дезинформации ЕДМО и се потенцира дека токму во последните два месеци пред самите избори, дезинформациите поврзани со ЕУ достигнале највисоко ниво. 

График: стапка на дезинформации по тема
Извор: ЕДМО

Многу сме активни борејќи се против нив (дезинформациите), не само преку различните институции, туку и преку земјите членки, преку јавни информации, обидувајќи се онлајн да се справиме кога имаме случаи на дезинформации, лажни вест итн.изјави евроамбасадорот на Топ Тема

Коментарите на Гир гласно одекнуваат во контекст два поголеми проблеми со кои се соочуваме како во државата, така и во поголемата информациска сфера на територија на Европа. Прво, Европската комисија токму на денот на парламентарните избори во државата (8 мај) го потенцира проблемот на штетните странски влијанија кои навлегуваат и ги еродираат демократските процеси. Конкретно се фокусираа на активности за подигање на свеста за ризиците од дезинформации и манипулации на јавното мислење. Иако ова беше сторено повеќе во пресрет на европарламентарните избори, имаше особена важност за нас бидејќи, како што беше забележано од Вистиномер, партиите многу површно ја спомнаа борбата против дезинформациите во своите изборни програми.

Второ, затоа што иако некои од векторите на дезинформации беа затворени од самиот почеток на војната, а други беа затворени оваа година, сепак тоа не беше крајот на приказната. Прво, ЕДМО и Францускиот сервис Вигинум разоткрија длабоко структурираната и координирана руска мрежа на сајтови кои шират дезинформации во Европа и други држави низ светот. Заради софистицираната автоматизација при генерирање и преведување на текстовите, порталите секојдневно публикуваат огромен број објави по ист образец. Сајтовите, активни на матичните јазици, сè уште се активни како во С. Македонија, така и во државите од соседството. 

Никогаш нема да биде совршено, секогаш ќе биде огромен предизвик, не смееме да бидеме удобни (со постигнатото), ова е лицето на иднината и ќе мора да продолжима да се справуваме со ова. И ова претставува огромен обем на работа, влучително и за идниот парламент и за идната комисија. Мислам дека завршивме разумна (добра) работа, но секако дека секогаш мора повеќе да се направизаклучи евроамбасадорот Гир.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција