Измамничка објава на Фејсбук за наводна трговија со криптовалути ги злоупотребува имињата на познати македонски новинари

Вистиномер провери за каква измама станува збор следејќи го линкот на објавата на Фејсбук. Тој ве носи на веб страница minishouts.com каде што е објавено наводно интервју со Ирена Мулачка кое го води новинарот Борјан Јовановски и во кое таа говори како да се збогатите, открива тајна за тоа, во живо во емисија, но емисијата била прекината од Централната банка. Во лажното интервју кое е напишано со помош на Гугл транслејт, Мулачка наводно вели дека со само 15 илјади денари влог може да станете милионер, доколку инвестирате на некоја платформа Nearest edgе

Вистиномер провери за каква измама станува збор следејќи го линкот на објавата на Фејсбук. Тој ве носи на веб страница minishouts.com каде што е објавено наводно интервју со Ирена Мулачка кое го води новинарот Борјан Јовановски и во кое таа говори како да се збогатите, открива тајна за тоа, во живо во емисија, но емисијата била прекината од Централната банка. Во лажното интервју кое е напишано со помош на Гугл транслејт, Мулачка наводно вели дека со само 15 илјади денари влог може да станете милионер, доколку инвестирате на некоја платформа Nearest edge

 

Анализираме објава на Фејсбук која преку морбидна вест дека наводно починала новинарката Ирена Мулачка, го злоупотребува нејзиното име со цел да измами корсници на социјалната мрежа за пари.

Се збогуваме со Ирена Мулачка, најтажниот ден за Македонија, стои во морбидната објава.

Вакви лажни измами има повеќе и во нив се злоупотребени имињата и на други новинари, како на Фуркан Салиу и Драган Павловиќ Латас, а злоупотребено е и името на премиерот Христијан Мицкоски.

За објавите е злоупотребено и логото на веб страницата Кајгана, за да делува како вистинска вест и да ги намами следбениците да кликнат на неа. На сајтот Кајгана вакви вести нее можат да се најдат.

 

За каква измама станува збор

Вистиномер провери за каква измама станува збор следејќи го линкот на објавата на Фејсбук. Тој ве носи на веб страница minishouts.com каде што е објавено наводно интервју со Ирена Мулачка кое го води новинарот Борјан Јовановски и во кое таа говори како да се збогатите, открива тајна за тоа, во живо во емисија, но емисијата била прекината од Централната банка.

Во лажното интервју кое е напишано со помош на Гугл транслејт, Мулачка наводно вели дека со само 15 илјади денари влог може да станете милионер, доколку инвестирате на некоја платформа Nearest edge.

Во интервјуто е злоупотребено и логото на ТВ21 и нејзината емисија Клик плус, за да делува како реално.

Откако Мулачка ја открива наводно тајната за богатство, во емисијата се јавиле од Централната банка и го прекинале интервјуто.

Во лажното интревју на повеќе места се спомнува сумата од 15 илјади денари и платформата Nearest edge, до која има и линк. Доколку стиснете на линкот, ќе видите дека станува збор за измама со криптовалути.

Заработете од 44 800 до 103 000 денари дневно, ви вели оваа страница на самиот почеток, која бара да се регистрирате и да оставите ваши податоци.

На страницата се злоупотребени имињата на уште новинари кои наводно сведочат за тоа како успеале да заработата илјданици и милони денари за само еден месец.

Меѓу нив се имињата на Бранко Героски, Атанас Кировски, Сашо Орданоски, а тука е и актерот Сашко Коцев.

Очигледно целта на оваа измама е да собере ваши лични податоци и да ве натера да „вложите“ 15 000 денари, односно да ви украде пари.

За измамата на Фејсбук имаше реакција од Ирена Мулачка.

Не потпаѓајте на вакви лажни вести и измами.. Не давајте лични податоци…, напиша Мулачка.
Реагираше и Фуркан Салиу.
Не потпаѓајте на оваа измама. Немојте да давате лични податоци., напиша Салиу на Фејсбук.
Не е прв пат преку вакви морбидни лажни вести во кои се злоупотребуваат имињата на јавни личности, да се мамат граѓани за да се соберат нивни лични податоци и да се „олеснат“ нивните сметки. Таков беше неодамнешниот случај со аналитичарот Петар Арсовски за кој исто така се ширеше лажна вест дека починал. Граѓаните мора многу да внимаваат на какви вести кликаат, за да не наседнат на измамите.
Поради сето наведено, објавата која ја анализираме, ја оценуваме како невистинита.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција