Контраспин: Со што заслужи Османи да биде „Кисинџер од Мала Речица“?

Фото: Колаж Канва

Каква врска има Бујар Османи со познатиот американски дипломат?  Ама баш никаква! да стави равенство меѓу Османи и Кисинџер е несериозно, па дури и смешно. Зачудува каде Јакимовски виде сличности меѓу нив и зошто решил токму сега да го воспева Османи. Особено што до неодамна, барем според тоа што јавно го кажувашe, немаше баш такво високо мислење за него и зборуваше дека Османи е нечесен човек кој води жирафа политика

Каква врска има Бујар Османи со познатиот американски дипломат? Ама баш никаква! Да се стави равенство меѓу Османи и Кисинџер е несериозно, па дури и смешно. Зачудува каде Јакимовски виде сличности меѓу нив и зошто решил токму сега да го воспева Османи. Особено што до неодамна, барем според тоа што јавно го кажувашe, немаше баш такво високо мислење за него и зборуваше дека Османи е нечесен човек кој води жирафа политика

 

 

Градоначалникот на Карпош и лидер на ГРОМ, Стевчо Јакимовски  во емисијата „Тешки муабети“ потсмевајќи се со шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски, го спореди со ексминистерот Бујар Османи, па величејќи го Османи направи една спинерска компарација:

Спин: Јас мислам дека Ангола ќе влезе пред нас во Европска Унија, штом он (Муцунски н.з.) е минсистер,  луѓе мои…

Реално да збориме, Бујар Османи за него знаете  што беше? Абе Кисинџер беше за него….. Види го,  се сликал, ги викнал, ај селфи да направиме… – вели Јакимовски коментирајќи фотографија која Муцунски ја објавил на неговиот профил на инстаграм, а на која е заедно со министрите на Норвешка, Чешка и Естонија

[Извор: Јутјуб – „Тешки муабети“, Инфомакс 1:50:20-1:50: 48 датум: 25.09.2024]

Контраспин:  Во емисијата на Инфомакс која оди во една поопуштена атмосфера, Стевчо Јакимовски говорејќи со потценување за минитерот Тимчо Муцунски, го воздигна неговиот претходник Бујар Османи. И во тој дух направи една неверојатна споредба –  ги стави на исто рамниште Османи и Хенри Кисинџер!

Реално да збориме, Бујар Османи за него знаете  што беше? Абе Кисинџер беше за него…., ќе каже Јакимовски со потсмешлив тон.

Дали Муцунски е вистинската личност за шеф на дипломатијата, дали него го бива за оваа функција и каков министер ќе биде, дали ќе биде полош или подобар од неговите претходници, допрва ќе видиме. За тоа, сепак, е рано да се даде издржана оценка по само 100 дена министерување.

Но, да се стави равенство меѓу Османи и Кисинџер е несериозно. Со што заслужи Османи да се изедначи со познатиот американски дипломат, вброен меѓу најмаркантните геополитички личности на 20 век, заедно со контроверзите кои го следеа сè до неговата смрт минатата година?

Кисинџер. кој доживеа длабока старост (почина на100 години), беше дипломат, политиколог, геополитички консултант и политичар кој работеше како државен секретар и советник за национална безбедност во претседателските администрации на Ричард Никсон и Џералд Форд. Светот го памети како една од највлијателните и најконтроверзни фигури во американската дипломатија.

Кисинџер стана советник за национална безбедност кога Никсон влезе Белата куќа во 1968 година. Тој го преживеа падот на Никсон во аферата Вотергејт и му служеше на Џералд Форд, напуштајќи ја владата по изборната победа на Џими Картер во 1976 година.

Овој американски дипломат со германско потекло низ годините беше и славен и критикувам. Ја доби Нобеловата награда за мир во 1973 година за неговиот придонес во преговорите за прекин на огнот во Виетнам.

Во неговите осум години како советник за национална безбедност и државен секретар, САД конечно ја завршија војната во Виетнам, ги почнаа односите со Кина и помогнаа да се стави крај на блискоисточната војна помеѓу Израел од една и Египет и Сирија од другата страна.

Се смета за заслужен и за тајната дипломатија која му помогна на претседателот Никсон да ја отвори комунистичка Кина кон Соединетите Американски Држави и Западот.

Но, тој, исто така, го навлече гневот на јавноста поради бомбардирањето на Камбоџа за време на Виетнамската војна, што доведе до подем на геноцидниот режим на Црвените Кмери, како и заради неговата поддршка за државен удар против демократската влада во Чиле.

Кисинџер остана влијателен до крајот на својот живот, најмногу благодарение на основањето на неговата геополитичка консултантска фирма со седиште во Њујорк, но и како автор на неколку книги за меѓународни прашања.

Дури и откако наполни 100 години, Кисинџер продолжи да биде активен, па во јули минатата година ја посети Кина и се сретне со претседателот Си Џинпинг.

За Кисинџер (27.05.1923 – 29.11.2023 ) може уште многу да се пишува, да се редат интересни моменти од  неговата животна и политичка биографија.

Но, каква врска има Бујар Османи со прославениот американски дипломат? Ама баш никаква! Затоа и зачудува каде Јакимовски виде сличности меѓу нив и зошто решил токму сега да го воспева Османи. Особено што до неодамна, барем според тоа што јавно го кажувашe, немаше баш такво високо мислење за него.

Само пред неколку месеци (март 2024 за време на претседателските избори) Јакимовски го нарече Османи нечесен човек. Потегот на Османи да не го покани на Ифтар, тој тогаш го квалификува како „нечесен гест на нечесен човек“.

Набрзо потоа (април 2024) коментираше и дека „Османи води жирафа политика“, го критикуваше дека „свој леб јаде, туѓо гајле бере“ (на Косово), па налутено му порача да мисли малку и на граѓаните на нашата држава.

Јакимовски и претхдно во изминатите години го критукуваше Омани, во октомври 2020 година, на пример, во објава на Фејсбук му напиша: „И престани да ни попуваш ти и таквите како тебе на нас Македонците. Доста ве трпевме!.   Јакимовски тогаш реагираше на изјавата на Османи дека „какво и  решение да се постигне со бугарските историчари, тоа ќе ги релаксира односите меѓу двете земји“.

Што ли се сменило во меѓувреме за ваквата драстична промена на мислењето на Јакимовски?. Нејасно е и кога ја говореше вистината, кога зборуваше дека Османи е нечесен човек кој води жирафа политика, или сега кога го величи дека бил како Хенри Кисинџер?

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција