Нема докази дека Камала Харис носела обетки слушалки за време на дебатата со Трамп

Фото: Принтскрин видео

Не е јасно дали некој навистина поседува пар од обетките, кои не се достапни за купување на веб-страницата на „Ајсбах“ (Icebach). Основачот и извршен директор на компанијата Малте Иверсен изјавил за Ју-ес-еј тудеј дека обетките не се на залиха и дека компанијата во моментов бара инвеститори за „соодветно да ги засилат операциите“.

Не е јасно дали некој навистина поседува пар од обетките, кои не се достапни за купување на веб-страницата на „Ајсбах“ (Icebach). Основачот и извршен директор на компанијата Малте Иверсен изјавил за Ју-ес-еј тудеј дека обетките не се на залиха и дека компанијата во моментов бара инвеститори за „соодветно да ги засилат операциите“. Icebach ја стекна интелектуалната сопственост на Nova откако таа стана несолвентна во 2023 година, но не доби пари од инвеститорите на Nova’s Kickstarter, објаснил тој. Nova не ја ажурира страницата на Kickstarter на која се продаваат обетките или својата сметка на Инстаграм од мај 2023 година

 

Анализираме објава на Фејсбук која тврди дека потпретседатеката на САД, Камала Харис, за време на претседателската дебата со републиканскиот кандидат, Доналд Трамп, носела обетки-слушалки.

Дали Камала мамеше во дебатата со Трамп, прашува објавата.

Споделен е и напис во кој како доказ за тврдењето дека Харис носела слушалки, се користени „полемиките“ на социјалните мрежи.

По жестоката дебата меѓу поранешниот американски претседател Доналд Трамп и потпретседателката Камала Харис, на социјалните мрежи се крена полемика за тоа дали кандидатот на демократите „мамел и носел слушалки вградени во обетки“. Имено, станува збор за нови слушалки на компанијата „Нова“ наречени „H1 audio earrings“, кои имаат звучници скриени зад бисери, како и два микрофони вградени во металното куќиште на секоја слушалка, стои во написот.

Конспирацијата дека Харис носела слушаллки произлезе од објава Твитер, во која беше сподеена и фотографија со наводна споредба меѓу нејзините обетки и слушалките на компанијата „Нова“.

Нема веродостојни докази дека обетките на Харис содржеле аудио предаватели, што би ги прекршиле правилата кои забрануваат интеракции во дебата со луѓе надвор од сцената, пишува во својата проверка на факти порталот Ју-ес-еј тудеј. Фотографиите од дебатата покажуваат дека нејзините обетки не се совпаѓаат со моделот на Нова Х1, кој се споменува објавата.

Обетките што ги носеше Харис на дебатната сцена имаа големи бисери со две златни стебленца кои се искривуваат зад нејзините ушни школки во форма на буквата „J“. Веб-страницата управувана од новинари која го следат изборот на облека на потпретседателката ги идентификува како обетки од познатиот бренд Tiffany & Co. Обетките на Харис се значително поголеми од оние на сликата на веб-страницата на златарата.

Синоќа се туркаше бизарен наратив во кој се тврдеше дека потпретседателката носела обетки со аудио приемник. Можам слободно да констатирам дека очигледно тоа не е така. Ова се истите обетки на Тифани што ги носи со месеци, напиша Сузан Кели на нејзината страница, What Kamala Wore.

Харис беше фотографирана како носи слични обетки повеќе пати пред дебатата – вклучително и на настани каде што не би можела да добие јасна предност со користење на таква технологија.

Како што пишува Форбс во својата анализа, Харис можеше да се види како ги носи истите обетки за време на церемонијата за сеќавање на 11 септември во средата наутро и се чини дека ги носела и во други прилики, вклучително и на митингот во Вејн, Мичиген, минатиот месец и на прославата на шампионатот на тимовите на NCAA во јули.

Покрај тоа, електронските обетки прикажани во објавата не се совпаѓаат со оние прикажани на фотографиите на Харис со висока резолуција за време на дебатата. Аудио обетките Nova H1 од германската компанија Icebach Sound Solutions – за кои се тврди дека имаат вградени безжични предаватели – имаат единечни стебленца. Шарката што се наведнува околу секое уво има помал радиус од оние што се видливи на фотографиите на Харис.

Дополнително, не е јасно дали некој навистина поседува пар од обетките, кои не се достапни за купување на веб-страницата на „Ајсбах“ (Icebach). Основачот и извршен директор на компанијата Малте Иверсен изјавил за Ју-ес-еј тудеј дека обетките не се на залиха и дека компанијата во моментов бара инвеститори за „соодветно да ги засилат операциите“. Icebach ја стекна интелектуалната сопственост на Nova откако таа стана несолвентна во 2023 година, но не доби пари од инвеститорите на Kickstarter, објаснил тој. Nova не ја ажурирала својата страница на Kickstarter или својата сметка на Инстаграм од мај 2023 година.

Како одговор на зголеменото внимание, „Ајсбах“ ја ажурираше својата веб-страница за да додаде промоција на своето „Специјално издание за претседателски дебати – наскоро достапно за секого“.

Користењето слушалки за комуникација со кој било за време на дебатата би било флагрантно кршење на правилата за дебата, кои забрануваат интеракции со персоналот на кампањата за време на паузите за реклами, пишува Ју-ес-еј тудеј во својата анализа.

Дека нема докази оти Камала носела обетки слушалки за време на претседателската кампања, пишуваат и Политфакт и Verge во својата анализа за проверка на фактите.

Од сето погоре, можеме да заклучиме дека објавата која ја анализираме е невистинита.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција