Нема докази дека од авиони нè запрашуваат со хемикалии

Фото: Ericve Pixabay

Ричард Вобс, кој се спомнува во објавата, е актер и писател кој своите грижи за „запрашувањето од воздух“ ги пренесува на Јутјуб, но тој нема никаков професионален бекграунд или тежина за ова да зборува со факти и докази. Двајцата наводни пилоти кои се јавуваат во неговата емисија и кои наводно признаваат дека имало запрашување, исто така не се релевантни, бидејќи нивниот идентитет е сокриен, гласот им е изменет и не нудат никакви докази за своите тврдења.  Над 70 хемичари и научници од Универзитетот Ирвин, Калифорнија, изјавиле дека никогаш не дошле до докази оти постојат големи програми за хемиско прскање од авиони

Ричард Вобс, кој се спомнува во објавата, е актер и писател кој своите грижи за „запрашувањето од воздух“ ги пренесува на Јутјуб, но тој нема никаков професионален бекграунд или тежина за да зборува за ова со факти и докази. Двајцата наводни пилоти кои се јавуваат во неговата емисија и кои наводно признаваат дека имало запрашување, исто така не се релевантни, бидејќи нивниот идентитет е сокриен, гласот им е изменет и не нудат никакви докази за своите тврдења.  Над 70 хемичари и научници од Универзитетот Ирвин, Калифорнија, изјавиле дека никогаш не дошле до докази оти постојат големи програми за хемиско прскање од авиони

 

 

Објава на Фејсбук тврди дека пилоти признале дека некој нè труел со хемикалии, односно нè запрашувале со авиони.

И тоа го признаа, спас ни нема, за среќа владите, се вакцинирани против трууење затоа не ги боли за нас, стои во објавата. 

Објавата споделува видео од емисија на извесен Ричард Вобс насловена: „Вистината за кемтрејлс од пилоти“, во која вклучува наводно двајца пилоти кои признаваат како нè труеле од воздух. Ричард Вобс, на својот Јутјуб канал за себе пишува дека е познат и како ќелавиот истражувач и дека почнал да го користи каналот за да ја изрази неговата загриженост за тоа како стојат работите во светот.

На ИМДБ на за него пишува:

Ричард Вобс е роден на 30 јули 1963 година во Лис, Хемпшир, Англија, Велика Британија. Тој е актер и писател, познат по Snug and Cozi (1994), Assertion Techniques (2006) и Waiting for God (1990).

Значи, Ричард Вобс е актер и писател кој своите грижи за наводно нешто што се случува во светот ги пренесува на Јутјуб. Тој нема никаков професионален бекграунд или тежина за да зборува за некакво наводно запрашаување кое би го поткрепил со научни факти или докази. Дека некој не прска со авиони може кој било да каже, но за тоа да биде вистина, мора да биде издржано со факти.

Понатаму, двајцата наводни пилоти кои се јавуваат во емисијата на Вобс, како што тој ги нарекува Ив и Расз, и кои наводно признаваат за некакво запрашување, исто така не се релевантни, бидејќи нивниот идентитет е сокриен, нивниот глас е изменет и не нудат никакви докази за своите тврдења. Зад овие гласови може да стои кој било и да каже дека е пилот.

Теоријата дека некој не запрашува од авиони е стара теорија на заговор која постојано се врти на социјалните мрежи, но никогаш не е докажана. И претходно имало обиди да се наметне во јавноста дека некои пилоти признале дека нè запрашуваат, но таквите информации беа дебанкирани.

Таканареченото „запрашување“ на населението или „кемтрејлс“ е теорија на заговор која е постара од две децении. Всушност, почетоците се во САД во 1996 година, откако воено-воздушните сили на САД објавиле извештај за можна модификација на времето. Застапниците на оваа теорија на заговор веруваат во повеќе цели на „запрашувањето“. Од психолошко влијание врз населението, до тоа дека крајната цел е депопулација на земјината топка. Покрај ваквите теории на заговор често се објавуват фотографии кои се земени од различни тестови на патнички авиони изведувани за да се утврди балансот на авионите при полетување, слетување или во текот на летот.

Научната заедница од петни жили се труди да им објасни на луѓето ширум светот дека не е вистина оти нè запрашуваат со хемикалии. За да докаже дека оваа теорија на заговор е неточна и ги измамува луѓето, Форбс објави студија, според која 76 хемичари и научници од Универзитетот Ирвин, Калифорнија, изјавиле дека никогаш не дошле до докази оти постојат големи програми за хемиско прскање од авиони, со цел да се наштети на здравјето на граѓаните и со цел да се влијае на атмосферата. 

Дополнително и професори ширум светот се среќаваат со теоретичарите на заговори за да ги вкрстат аргументите и да докажат дека ова не е возможно сценарио, меѓу другото и поради тоа што огромни тајни во проекти кои би вклучувале огромен број на луѓе, не може да се зачуваат. Така, Дејвид Кит од Универзитетот Калгари, се сретнал со луѓе загрижени дека постои прскање од авиони, односно кемтрејлс. Видеото од неговата посета, којашто била снимена, може да се најде на следниот линк . Самиот професор ги упатува лицата кои имаат сомнежи дека кемтрејлс постојат, да го погледнат видеото.

Во екот на ковид пандемијата, оваа теорија на заговор со наводно прскање отрови од небото преку авиони, беше злоупотребувана и за да се дезинформираат граѓаните дека ковид не е вирус, туку дека е последица на тие отрови.

Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека објавата која ја анализираме е невистинита.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција