Нема патики за 123 денари, не наседнувајте на измами!

Фото: скриншот

Објавата што ја анализираме нуди лажни попусти за патики, имајќи за цел да ги измами корисниците на социјалните мрежи и да ги извлече нивните лични податоци за потоа истите да ги злоупотреби

 

Објавата што ја анализираме нуди лажни попусти за патики, имајќи за цел да ги измами корисниците на социјалните мрежи и да ги извлече нивните лични податоци за потоа истите да ги злоупотреби

 

На социјалната мрежа Фејсбук се шират објави за лажни попусти на патики. Објавите ги измамуваат корисниците на Фејсбук дека ќе добијат брендирани патики за само 123 денари тука или 120 денари тука, тука, тука. Ова не е вистина.

🚨 Во тешка ситуација ние веднаш го испразнуваме нашиот склад со патики кои не успеавме да ги продадеме во последните 6 месеци!
🚛 Доставка низ целата земја.
📅 Враќање во рок од 60 дена.
Понудата важи само онлајн.
Кликнете на копчето во огласот за да направите порачка веднаш. 👇🥰

За да ги намами своите жртви, објавата која што ја рецензираме тврди дека познатата продавница Intersport нуди најк патики за 123 денари. Притоа, објавата е придружена со фотошопирана фотографија на која се прикажани бели најк патики изложени во продавница. Со софтвер за уредување како Photoshop, измамниците ја прецртале вистинската цена на банерот кој е реклама за патиките, поточно 7.394 денари и додале со црвени големи бројки 123 денари за да сугерираат дека тоа е вистинска промоција. Нудат огромен, но лажен попуст!

Притоа, лажната наградна игра, ги наведува корисниците на социјалните мрежи, за да може да учествуваат, да клинкат на копчето „Apply now“ кое пренасочува на друга веб-страница. Овие насочени реклами за измама обично имаат за цел да го натераат корисникот да се регистрира за нешто и бара од корисниците информации за кредитна или дебитна картичка за да ја завршат акцијата.
Кога ќе се отвори веб-страната  се појавува лажна наведувачка порака, каде потоа се бара корсникот да пополни прашалник:

Честитки!
Учествувавте во кампањата на Intersport и имате можност да купите пар Nike Air Force 1’07 патики за само 123,00 Ден!
За да го добиете вашиот персонален попуст, одговорете на неколку прашања кои докажуваат дека сте вистинска личност.
Постапете брзо, количината е ограничена – 143 пара!

Оваа објава го злоупотренува името и логото на продавницата Intersport за да го привлече вниманието на корисниците. Но, нема никаква формална врска помеѓу оваа компанија и овие измамници. Доколку ја посетите официјалната страница на Intersport и нивните профили на социјалните мрежи ќе забележите дека не постоjaт патики за 123 денари, ниту, пак, има промоција за таква цена.

На веб-страницата наведени се низа лажни коментари од профили кои се обидуваат да ги легитимизираат чудните понуди. Па така извесен Лео напишал „Не очекував попустот од Intersport да биде толку кул“, а пак извесен Владо наводно напишал „За оваа цена нема проблем да се извалкаат, не ми се првите патики“.

Фејсбук-страницата Online-Intersport Skoplje од којашто се споделува понудата, нема никаква вистинска комуникација со корисници и има само 20 следачи и малку интеракции. Сè што е објавено на страницата се оваа и уште една ваква објава (тука), со понуда за патики од 123 денари.

Очигледно е дека објавата што ја анализираме има за цел да ги измами следбениците на социјалните мрежи и да ги извлече нивните лични податоци за потоа истите да ги злоупотреби.

Граѓаните мора да внимаваат каде оставаат свои податоци, особено кога станува збор за вакви сомнителни Фејсбук страници, кои иако изгледаат сериозни, сепак се лажни.

Според сето ова, постот што го анализираме го оценуваме како невистинит.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција