Невистинита е објавата што тврди дека „владата обезбедила 800 бесплатни станови“

Фото: Принтскрин

Единствената цел на вака креираната невистинита најава за „800 станови обезбедени од македонската влада“ е да се генерира интернет сообраќај, односно да се натераат што поголем број на корисници да пристапат до страниците кои што се рекламираат. Притоа не се бара од нив да остават никакви податоци од кредитна картичка. Целта на оваа објава е исклучиво да дивертира интернет сообраќај на странските веб-страници кои рекламираат недвижнини, закуп на станови и куќи, односно домување.

Единствената цел на вака креираната невистинита најава за „800 станови обезбедени од македонската влада“ е да се генерира интернет сообраќај, односно да се натераат што поголем број на корисници да пристапат до страниците кои што се рекламираат. Притоа не се бара од нив да остават никакви податоци од кредитна картичка. Целта на оваа објава е исклучиво да дивертира интернет сообраќај на странските веб-страници кои рекламираат недвижнини, закуп на станови и куќи, односно домување

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува фотографија од претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова во Собранието и пишува:

Колку време е потребно за да се добие бесплатен стан обезбеден од македонската влада. Бесплатен стан. Владата одобри обезбедување на 800 бесплатни станбени единици во 2024 година, при што приоритет ќе имаат локалните жители и лицата постари од 40 години. Погледнете ги бесплатните апартмани во близина.

 

Под објавата има копче на кое пишува „аплицирај“. Кога ќе се пристапи на копчето, тоа ги носи корисниците на социјалните мрежи на страница со повеќе ставки: „станови во Остин Тексас“, „куќи во Калифорнија“, „изнајмување во Тексас“, „станови во Калифорнија“, „станови во Остин Тексас“.

Секоја ставка го носи корисникот на веб страници на различни компании за недвижности, кои нудат куќи и станови за различни категории луѓе, од такви со ниски приходи, до такви што бараат луксузни недвижнини. Ниту една од страниците не се однесува на Северна Македонија, ниту пак на некаква програма на владата за „800 бесплатни станови“.

Таква програма не постои во земјава, ниту, пак, е најавена во програмата на било која политичка партија, ниту, пак, во програмата на владата постои таква ставка.

Единствената цел на вака креираната невистинита најава за „800 станови обезбедени од македонската влада“ е да се генерира интернет сообраќај, односно да се натераат што поголем број на корисници да пристапат до страниците кои што се рекламираат. Притоа, не се бара од нив да остават никакви податоци од кредитна картичка. Целта на оваа објава е исклучиво да дивертира интернет сообраќај на странските веб-страници кои рекламираат недвижнини, закуп на станови и куќи, односно домување.

Овие страници не се на никаков начин поврзани со владата, ниту пак, на нив се претставени таканаречени 800 станбени единици за кои „приоритет ќе имаат локалните жители и лицата постари од 40 години“.

На линкот не постојат ниту „бесплатни апартмани во близина“ како што невистинито се најавува на фотографијата од објавата. Објавата има 7 споделувања и 73 допаѓања, со 59 коментари. Дел од корисниците во коментарите бараат дополнителни информации, а други сфатиле дека се работи за невистинита објава чија единствена цел е да ги дивертира посетителите на други платформи за таму да го зголемуваат сообраќајот, односно да креираат корисници кои ги посетуваат тие страници, без реално за тоа да имаат потреба или желба.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција